Прејди на содржината

Јукон (река)

Координати: 62°35′55″N 164°48′00″W / 62.59861° СГШ; 164.80000° ЗГД / 62.59861; -164.80000
Од Википедија — слободната енциклопедија
62°35′55″N 164°48′00″W / 62.59861° СГШ; 164.80000° ЗГД / 62.59861; -164.80000
Јукон
Yukon River
Река
Јукон и притоката Чарли
Земји  Канада,  САД
Подрачја Алјаска
Извор ледникот Левелин
 - место Атлин, Британска Колумбија, Канада
 - координати 59°10′N 133°50′W / 59.167° СГШ; 133.833° ЗГД / 59.167; -133.833
Утока Берингово Море
 - местоположба Вејд Хемптон, Алјаска, САД
 - височина м
 - координати 62°35′55″N 164°48′00″W / 62.59861° СГШ; 164.80000° ЗГД / 62.59861; -164.80000
Должина 3.190 км
Слив 854.700 км2
Истек
 - просечен 6.430 м3
[1][2]
Карта на течението на Јукон
Мостот на Јукон во Кармакс

Јукон (англиски: Yukon River) — голема река во северозападниот дел на Северна Америка. Извира во Британска Колумбија, Канада, па продолжува во територијата Јукон, која е наречена по неа. Долната половина од течението се наоѓа во сојузната држава Алјаска (САД). Долга е 3.190 км[2][3] и на крајот се влева во Беринговото Море во делтата Јукон-Кускоквим. Просечниот истек изнесува 6.430 м³/с,[1] а сливот зафаќа вкупна површина од 832.700 км²,[1] од кои 323.800 км² се во Канада (за 25% поголем од Тексас или Алберта).

Ова е најдолгата река во Алјаска и Јукон и важна сообраќајница за време на златната треска на Клондајк (1896–1903). Дел од течението (наречен „Триесет Милји“) е прогласен за национално богатство како единица на Меѓународниот историски парк на Златната треска на Клондајк.[4][5] По реката се движеле паробродови сè до отворањето на главниот автопат во 1950-тите.

Името Јукон доаѓа од гвичинскиот јазик и значи „Голема Река“. На среднојупички се нарекува Кујгпак, со исто значење.

Вкупно 70 племиња од Алјаска и Канада имаат посебен Меѓуплеменски совет на Јуконскиот слив кој има за цел да се бори за враќање на чистината и питкоста на водата.

Се смета дека извор на Јукон е ледникот Левелин на јужниот крај на езерото Атлин во Британска Колумбија. Постојат и мислења дека изворот е езерото Линдеман на северниот крај Чилкутскиот Пат. Во секој случај, водата од езерото Атлин се влева во езерото Тагиш (преку реката Атлин), како и водата од езерото Линдеман, откако ќе прво се преточи во езерото Бенет. Потоа водата од езерото Тагиш преоѓа во езерото Марш (преку реката Тагиш). Самата река Јукон почнува од северниот крај на езерото Марш, веднаш јужно од градот Вајтхорс. Северно од Вајтхорс, Јукон се проширува и навлегува во езерото Лаберж, познато од поемата „Кремирањето на Сем Мекги“ на Роберт В. Сервис. Други поголеми езера во Јуконскиот слив се Кусава (во реката Такхини) и Клуејн (во Клуејн, па реката Вајт).

Реката минува низ Вајтхорс, Кармакс, (пред слаповите Фајв Фингерс) и Досон во Јукон, па преминува во Алјаска, каде тече низ Игл, Серкл, Форт Јукон, Стивенс Вилиџ, Рампарт, Танана, Руби, Галина, Нулато, Грејлинг, Холи Крос, Рашан Мишон, Маршал, Пајлот Стејшон, Сент Мерис и Маунтин Вилиџ. По ова, коритото се разделува на голем број помали канали и се раширува во делтата. Тука има повеќе села како Нунам Иква, Алаканук, Емонак и Котлик, од кои најголемо е Емонак, со 760 жители (2000).

Поважни десни притоки на Јукон се: Тиислин, Биг Селмон, Литл Селмон, Пели, Стюарт, Клондајк, Поркјупајн, Надвизик, Тозитна, Милозитна, Чандалар, Којукук, Нулато, Атчуилингук, Андреевски.

Поважни леви притоки на Јукон се: Вајт, Чарли, Берч, Бивер, Танана, Јуки, Новитна, Иноко, Реиндир.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Брабетс, Тимоти П; Ванг, Бронвен; Мид, Роберт Х. (2000). „Еколошки и хидролошки осврт на сливот на реката Јукон во Алјаска и Канада“ (PDF). Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 5 март 2010.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  2. 2,0 2,1 „Река Јукон“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 6 март 2010.[мртва врска] (англиски)
  3. „Информации за Јукон“. Yukoninfo.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2013-08-18. (англиски)
  4. Триесет Милји (Јукон) Архивирано на 6 јануари 2011 г. — Систем на реки-национално богатство (англиски)
  5. Меѓународен историски парк на Златната треска на Клондајк (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  翻译: