Прејди на содржината

Џон Кабот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Кебот облечен во традиционална венецијанска носија (слика од XVI век)

Џон Кабот (англиски: John Cabot), изворно име Џовани Кабото (италијански: Giovanni Caboto) 1450 - о. 1499 во Англија) — познат италјанско-англиски морепловец и истражувач којшто се смета дека е првиот Европеец којшто не сметајќи ги Ерик Црвениот и неговиот син Лејф Ериксон (околу 1000) ја открил Северна Америка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родното место на Џон Кебот не е познато, но се претпоставува дека тоа е Џенова, или пак сојузничкиот град на Џенова, градот Гаета. На 11 години се преселил во Венеција каде што станал нејзин граѓанин и пораснал.

Како и останати италјански морепловци и истражувачи од тоа време (на пр. Кристофер Колумбо) и Џон Кабот бил на служба на некоја од големите приморски монархии, но за разлика од останатите кои служеле најчесто во Шпанија и во Португалија, тој служел во Англија од каде што и го добил ова препознатливо име. Тој од англискиот двор добил голема финансиска и материјална помош којашто ја добил со цел да пронајде западен поморски пат за континентот Азија. Во тоа време и во Англија било раширено тврдењето дека Земјата не е рамна плоча, туку дека има тркалезна форма, па Англичаните биле сигурни дека патувајќи на запад ќе ја заобиколат Земјата и ќе стигнат до Азија. Така во 1497 година Џон Кабот стигнал до копно, но тоа сепак не бил континентот Азија туку новооткриениот континент Америка.

Слично и како и Колумбо и Кабот мислел дека тоа е Азија, па оттаму собрал зачини, мирудии и богатство коешто го пренел во Англија. Со тоа во тоа време се мислело дека патот кон запад е многу пократок до источна Азија отколку на исток.

Пловидбата по Атлантскиот Океан

[уреди | уреди извор]

Во втората половина на XV век Џон Кабот добил подарок од англискиот крал Хенри VII. Кабот отишол во Бристол којшто тогаш бил втор по големина град во Англија, а најголемо пристаниште. По 1480 биле испратени неколку експедиции во потрага по Хај-Бразил, којшто бил митолошки остров од келтската митологија и според легендите се наоѓал во Атлантскиот Океан. Многумина сметаат дека на овие патувања е откриен островот Њуфаундленд.

Во 1496 година Кабот тргнал од Бристол со еден брод со којшто стасал најдалеку само до островот Исланд. На неговото второ патување тој исто така тргнал со еден брод (каравела од видот Метју) и со екипаж од 18 луѓе. На 2 мај (или можеби 20 мај) 1497 година тој допловил до Ирска од каде што запловил по водите на Атлантскиот Океан. На 24 јуни 1497 година тој стигнал до копно, каде што денес е островот Њуфаундленд. Неговото место на престој на новото копно е контраверзно, но најверојатно е денешниот град Бонависта или пак градот Сент Џонс. На враќање тој пловел појужно и на 20 јули стигнал до полуостровот Бретања (денешна Франција), а во Бристол се вратил дури на 6 август.

Денес се претпоставува дека Џон Кабот открил и поголем дел од територијата на Канада, како што се остовот Нова Шкотска (јужно од Њуфаундленд), како и некои јужни делови од полуостровот Лабрадор (северно од Њуфаундленд).

По патувањата

[уреди | уреди извор]

По патувањата Џон Кабот се вратил во Англија каде што бил награден со 10 фунти, а поради неговите успеси му биле доделувани по 20 фунти годишно. Но, Џон Кабот не живеел долго во славата од неговиот подвиг, бидејќи неколку години по неговото патување тој умрел.

  翻译: