Прејди на содржината

Џуно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џуно
Juneau
Местоположба
Местоположба на Џуно
Местоположба на Џуно
Општи податоци
Име
- изворно
Џуно
  Juneau
Основан 1981
Официјална страница www.juneau.org
Управа
Земја САД
Сојузна држава Алјаска
Градоначалник Брус Ботелхо
Географија
Површина 8.430,40 км²
Население
Население 30.690
Густина 4.4 ж/км²


Џуно (англиски: City and Borough of Juneau; скратено Juneau) е главен град на американската сојузна држава Алјаска. Претставува единствена административна единица сместена на Алјаска. Во 1906 е избран за престолнина на Алјаска, кога седиштето на владата било преместено од Ситкa. Со актот од 1970 година, градот се споjува со соседниот Даглас и околните населби кои заедно ја сочинуваат територијата на денешен Џуно.

Површината на градот изнесува 8.430,40 км2 што е повеќе од Род Ајленд и Делавер заедно. Центарот на Џуно се наоѓа во подножјето на истоимената планина и се простира преку каналот од островот Даглас. Според пописот направен во 2000 година, во градот живееле 30,711 жители, додека пак според пописот од 2007 покажало дека во градот живееле 30,690 луѓе.

Градот го добил своето име според Џо Џуно, рудар и трагач по злато. Џуно бил основан од Џо и Ричард Хенри после пронаоѓањето злато со помош на племето Тлингит.

  翻译: