Германска граматика
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Германска граматика е граматиката на германскиот јазик.
Именки
[уреди | уреди извор]Именките во германскиот јазик имаат три специфични родови (машки, женски и среден род). Именките се деклинираат според падежи и граматички броеви. Сите именки се пишуваат со голема буква.
Родови
[уреди | уреди извор]Германски јазик ги има сите три родови од доцните Индоевропски прајазици – машки, женски и среден род. Секоја именка во германскиот јазик има еден од овие родови. Граматичкиот род на именката во германскиот јазик не секогаш соодветствува со природниот пол на предметот. Именките кои означуваат личност, како die Frau („жена“) или der Mann („маж“), генерално се совпаѓаат со природниот род на она што се опишува. Меѓутоа, секоја именка во германскиот јазик која завршува на –chen или на –lein граматички е среден род, но постојат исклучоци како das Mädchen („девојче“) и das Fräulein („госпоѓица“). Но, ова не е нелогично бидејќи das Weib (старо, регионално или антрополошки: жена) е навистина исклучок. Покрај тоа во германскиот јазик дури и именките без природен род имаат род. На пример основните три парчинња прибор за јадење имаат различен род: das Messer („нож“) е среден род, die Gabel („виљушка“) е женски, а der Löffel („лажица“) е машки род.
Оние кои го учат германскиот јазик често се советувани германските именки да ги учат заедно со нивниот определен член бидејќи определениот член на именката одговара на родот на именката. Сепак со значењето или формата, особено со последните неколку букви од именката може да се прпознае родот на 80% од именките. На пример, именките кои завршуваат на –heit, -keit, -tät, -ung, -ik, или –schaft се женски род. Како што е наведено погоре именките кои завршуваат на –chen или –lein се среден род. Именките кои завршуваат на –e претежно се од женски род; сепак тоа не е општо правило: die Katze („маче“), die Blume („цвеќе“) и die Liebe („љубов“) се од женски род, но der Bote („курир“) е машки род, а das Ende („крај“) е среден род. Слично е и со именките кои завршуваат на -er, тие претежно се од машки род (der Teller, der Stecker, der Computer); сепак das Messer („нож“) и das Wasser („вода“) се од среден род, додека die Mutter („мајка“) може да биде женски род, како и die Butter („путер“) во многу форми на горногермански јазик, иако на швајцарското и австробаварското наречје е der Butter.
Падежи
[уреди | уреди извор]Општо
[уреди | уреди извор]Во германскиот јазик има четири граматички падежи со кои се моделираат именките, придавките и заменките. Падежите се номинатив (Nominativ/Werfall), генитив (Genitiv/Wesfall), датив (Dativ/Wemfall) и акузатив (Akkusativ/Wenfall). Падежот на одередена именка зависи од граматичката функција на именката во реченицата.
- Номинатив (Wer oder was?): подметот во реченицата, вршителот на дејството.
- Генитив (Wessen?): поседувач на нешто, или предмет на одредени препозиции.
- Датив (Wem?): индиректниот предмет, како и во случај кога предметот е даден некому или предмет на одредена препозиција.
- Акузатив (Wen oder was?): директниот предмет, она што директно го прима дејството, или предмет на одредена препозиција.
Пример: der Tisch (машки род)(мак. маса)
Еднина: Множина: Ном: der Tisch die Tische Ген: des Tisch(e)s der Tische Дат: dem Tisch(e) den Tischen Акк: den Tisch die Tische
Следната реченица (во која се присутни сите падежи) ќе ви помогне да ги разберете падежите:
Mein Freund hat mir ein Foto seines neues Autos gezeigt. (Мојот пријател ми покажа слика од неговиот нов автомобил)
Оваа реченица е пример за тоа како се употребуваат падежите во германскиот јазик (и во сите други јазици со граматички падеж). За полесно да се одредат падежите во реченицата, се служиме со следните прашања:
- Прашање:Wer oder was hat mir ein Foto gezeight? (кој или што)
Одговор: Mein Freund.= номинатив
- Прашање: Ein Foto wessen hat mir mein Freund gezeigt? (чиј)
Одговор: ein Foto seines neuen Autos.= генитив
- Прашање:Wem hat er das Foto gezeigt? (кому)
Одговор: mir.= датив
- Прашање: Wen oder was hat er mir gezeigt? (кого или што)
Одговор: ein Foto. = акузатив
За разлика од променетите јазици како латински, германскиот падежите повеќе ги изразува преку членот на зборот отколку со завршетокот на зборот, иако нема некоја посебна разлика помеѓу множина и еднина падежите се изразуваат и преку наставки на зборовите (der Tisch, die Tische). Други исклучоци за наставките кои го изразуваат падежот на именката заедно со членот се формите во генитив еднина и датив множина. Сепак сè уште може да се каже дека пренесувањето на падежната информација на членот се сочувани во системот за падежи на германскиот јазик низ својот развој од Стар Висок германски до современиот германски јазик.
Генитив
[уреди | уреди извор]Првите докази за изумирањето на падежот- генитив можат да се најдат во колоквијалниот јазик на Раниот Нов Висок германски (зборуван од 1350г. – до 1650г.). Кога Мартин Лутер ја превел Библијата на германски јазик, употребата на падежот генитив (заедно со Претеритумот) веќе била прилично необична за повеќето германски дијалекти. Сепак, Лутер за своите преводи го користел бирократскиот јазик на Саксофонија. Преводите на Лутер се направени со широка употреба на генитив (и други „архаични“ елементи кои се повообичаени за Средниот Висок германски отколку за Новиот Висок германски) и со тоа се намалило изумирањето на генитив за одреден степен. Денес употребата на падежот генитив е сè уште ретка во говорниот јазик – говорителите често во разговор го заменуваат со падежот датив, слично со Фарскиот сроднен германски јазик. Но генитивот останува речиси задолжителен во писмената комуникација, јавните говори и во сè што не е експлицитно колоквијално во германскиот јазик и е сè уште важен дел од германскиот Bildungssprache (образовен јазик). Во телевизиските програми и филмовите често може да се сретнете со мешавина од двата падежи, датив како замена и редовен генитив, во зависност од тоа колку програмата треба да биде формална или „уметничка“ . Употребата на датив како замена е почеста во јужните германски дијалекти, каде Германците од северните региони (каде во тоа време Лутеровата Библија на германски се учела како странски јазик) употребата на генитив е многу почеста. И покрај тоа што станувало прилично често да не се користи генитивот кога тоа формално било потребно, голем број на Германци знаеле како да го користат и генерално го користеле. Особено меѓу луѓето со високо образование се сметало за малку засрамувачки доколку биле фатени како неправилно го употребуваат дативот. Затоа, во ниту еден случај не е препорачливо да го избегнувате генитивот при учењето на германскиот јазик, бидејќи изумирањето на овој падеж, кое се случува околу 600 години, се одвива многу бавно, бидејќи историскиот развој на германскиот Standardsprache повторно до одреден степен го постави конкретниов падеж во германскиот јазик , а не само во пишана форма.
Сепак, една германска книга наречена Der Dativ ist dem Genitiv sein Tod („Датив е на Генитив смртта“) алудира на појавата (која авторот ја нарекува „смртоносната борба на Генитивот“) во нејзиниот наслов. На стандарден германски, насловот би гласел „Der Dativ ist der Tod des Genitivs“ („Датив е смртта на Генитивот“). Како што се гледа во самата книга е употребуван дијалект од погорното германско подрачје, каде што се применува дативот заедно со присвојни заменки наместо генитив. Обидот да предизвика забава кај она што авторот го гледа како изумирање во германскиот јазик се смета за погрешно бидејќи во пишаниот германски е многу погрешно конструкциите со датив да го заменуваат генитивот . Патем речено,ова не е тоа како говорителите на стандардниот германски јазик колоквијално би го замениле генитивот; тие би рекле Der Dativ ist der Tode vom Genitiv, што е (буквално на македонски „на Генитив“) погрешно и во стандардниот јазик, но е е многу помалку инкриминирано.
Лингвистички гледано тезата за изумирањето на генитивот може лесно да се побие. Всушност генитивот со векови е надвор од употреба во сите дијалекти на германскиот јазик. Нова појава е само заментата на дијалектите со колоквијален Стандарден германски јазик, што воопшто не влијае врз користењето на генитивот во пишаниот јазик.
Сепак постојат легитимни конструкции со датив кои се користат за да се покаже поседување на нешто, како во „Dem Knaben ist ein Buch zu eigen“. Конструкцијата „zu eigen“ речиси не се појавува, но во почетните латински преводи таа треба да се наведе (puero liber est). Некои дијалекти имаат „Dem Knaben ist ein Buch“ што буквално е датив кој се користи за да укаже на поседување на нешто. Ако генитивот е необележан и без член (особено во множина), употребата на von (и по него датив) не е само легитимна туку е и потребна, како на пример: „Die Belange von Minderheiten sind zu schätzen“ (значењето на малцинствата треба да биде заштитено). Во тој случај, Belange der Minderheiten ќе произведе определен член кој не е одреден, а Minderheiten само по себе е нешто како необележана множина. Допополнително падежот датив се користи за да се покаже контралата врз деловите од телото кои се директен објект на некое дејствие. Констукците како „er brach sich den Arm“ („тој си ја скрши раката“ буквално „тој самиот си ја скрши раката“) и „Du stichst dir die Augen aus, Junge!“ („Ќе си ги извадиш очите, дете!“ но буквално „Самиот ќе си ги извадиш очите, дете!“) се типични и точни во секој контекст.
Датив
[уреди | уреди извор]Дативот владее со индиректиот предмет и локацијата во реченица. Реченицата „Ich gebe meinem Sohn einen Hund“ (на македонски „Му давам куче на синот“) содржи подмет „ich“; глагол „gebe“; индиректен предмет „meinem Sohn“; и директен предмет „einen Hund“. Зошто „einen Hund“ е директен, а не индиректен предмет? Затоа што „ einen Hund“ е она што одговара на дејствието на подметот а „meinem Sohn“ е она врз кому се врши дејството или определеното место на подметот.
Дативот исто така се фокусира на положбата. (Види Препозиции со Акузатив и Датив подолу). Германците прават голема разлика помеѓу мирувањето и движењето. Акузатив се справува со движењето; а Датив со мирувањето. Постојат 4 главни глаголи кои ја прикажуваат поделбата hängen/ hängen, legen/ liegen, stellen/ stehen, setzen/ sitzen (движење/ мирување). На пример Ich hänge das Bild an die Wand (Ја закачувам сликата на ѕидот). Забележете го членот на „Wand“ – тоа е движење, тоа е Акузатив и „die“ останува „die“ во Акузатив. Сега сликата е веќе на ѕидот. Тоа е положбата (мирувањето). На пример Das Bild hängt an der Wand. Тука членот на „Wand“ е „der“ – бидејќи „die“ во Номинатив и Акузатив се менува во „der“ во Датив. Оваа реченица е во мирување и оттаму падежот на именката што следи по препозицијата мора да биде во Датив.
Падежи после препозиции
[уреди | уреди извор]Падежот на именката по препозиција е одреден според препозицијата. Номинативот не бара никакви препозиции, но кај сите други падежи може да следи некоја, на пример препозицијата für (за) следи во падежот – акузатив, зборот mit (со) следи во датив, а зборот außerhalb (надвор од) следи во генитив. Одредени предлози кои се нарекуваат „препозиции кои одговараат на два падежи“ имаат предмет и во датив и во акузатив, во зависност од тоа дали употребата укажува на позиција (на пример. in der Küche = „во кујната“, датив) или насока ( in die Küche(„внатре во кујната“, акузатив).
Препозиции и падежи
[уреди | уреди извор]Препозициите во германскиот јазик може да бидат тешки за совладување. Причина за тоа е што препозициите се создадени да и дадат насока, локација, интензивност итн. на реченицата. Начинот на кој говорителот на македонскиот јазик ќе укаже може да биде сосема различен од начинот на кој би укажал говорителот на германскиот јазик. Можеби овие неколку примери ќе го разјаснат ова:
- МАКЕДОНСКИ: Книгата е на масата. Постерот е на ѕидот. На е препозиција. Во овој контекст на македонски јазик разбираме „на“, во смисла на контакт помеѓу две површини. Спореди со следниот превод со германски.
- ГЕРМАНСКИ: Das Buch liegt auf dem Tisch. Das Poster hängt an der Wand. Значењето е исто – „на“. Но сепак тоа се две различни препозиции „auf“ и „an“. Но, зошто има две препозиции? Бидејќи „auf“ се употребува кога станува збор за хоризонтален контакт, а „an“ се употребува кога станува збор за вертикален контакт.
Во германскиот јазик препозициите се доволно моќни за да го променат она што следи да биде субординација на видот на препозицијата.
На пример „bei“ е препозиција која оди со Датив. Ако „bei“ се употреби во реченица, „bei“ ќе го присили тоа што следува да биде во Датив. На пример: Ich mache einen Besuch bei meiner Familie.(Јас сум на гости кај моето семејство). Забележи „mein“ го има завршетокот на женски род во Датив бидејќи „bei“ го бара тоа.
Следнава табела ги покажува падежите и неколку предлози што се поврзани со нив.
Акузатив | Датив | Генитив | Акузатив или Датив |
---|---|---|---|
bis | aus | anstatt* | an |
durch | außer | statt* | auf |
für | bei | außerhalb | hinter |
gegen | gegenüber | innerhalb | in |
ohne | mit | trotz* | neben |
um | nach | während* | über |
wider | seit | wegen* | unter |
entlang*** | von | jenseits | vor |
zu | seitens | zwischen | |
gemäß | anhand | ||
laut** | mithilfe |
(*) колоквијално со датив и со заменки
(** )може да биде „премногу точен“ генитив
(*** )може колоквијално да биде датив: entlang des Weges (dem Weg) „по патот“ , но и со акузатив како постпозиција со идентично значење : den Weg entlang.
Деклинација на придавките
[уреди | уреди извор]Деклинацијата на придавките не зависи само од родот, бројот и падежот на именката која се модифицира, туку и кога нема член или кога има неопределен или определен член. Во следната табела има два примера во кои се објаснуваат сите три падежи:
Машки род, номинатив, еднина | Женски род, датив, еднина | |
---|---|---|
определен член | der hübsche Mann (згодниот маж) | vor der verschlossenen Tür (пред заклучената врата) |
неопределен член | ein hübscher Mann („еден“ згоден маж) | vor einer verschlossenen Tür (пред „една“ заклучена врата) [одредена врата] |
без член | hübscher Mann (згоден маж) | vor verschlossener Tür (пред заклучена врата) [не одредена врата или која било врата] |
Деклинацијата на придавките е задолжителна дури и кај личните имиња. На пример името на Kunsthistorisches Museum во Виена се промени во "das Kunsthistorische Museum" бидејќи стои пред определен член. Придавните кратки имиња кои им биле давани на историските или легендарните личности, исто така мора да се поништат во согласност со граматичката улога во некоја фраза или реченица. Оттука се вели Karl der Große ist im Jahre 800 Kaiser geworden (Карло Велики стана императот во 800година), но das Schwert Karls des Großen (мечот на Карло Велики).
Множина
[уреди | уреди извор]Во германскиот јазик има дванаесет различни начини за формирање на множина. Оној кој го учи германскиот јазик како странски јазик, множината на именката ја учи заедно со именката; иако многу именки од женски род правилно ја формираат множината, многу именки од машки и среден род немаат правилна множина. На пример , накој вид множина се формира со „n“ а некоја со „en“, некоја со преглас (Umlaut) и „e“ или преглас и „en“, други множини се исти со еднината, кај некои се додава „er“ или преглас и „er“. Многу заемки, земени од другите јазици во множина добиваат „s“ (на пример: Restaurant = Restaurants).
еднина | множина |
---|---|
die Frau (жена) | die Frauen |
der Mann (маж) | die Männer |
die Kuh (крава) | die Kühe |
der Globus (глобус) | die Globen |
der Atlas (атлас) | die Atlanten |
der Kuss (бакнеж) | die Küsse |
der Bus (автобус) | die Busse |
das Kabel (кабел) | die Kabel |
das Auto (автомобил) | die Autos |
die Mitarbeiterin (соработничка) | die Mitarbeiterinnen |
der Kaktus (кактус ) | die Kakteen |
Иако множината во античкиот германски јазик барала морфолошки различни обележувања на родовите, тоа веќе не е така. Во врска со третманот на придавките и членовите, ова е речиси исто како да има четвртти род кај множината. Учебниците и написите обично имаат листа со завршетоците на членовите или придавките во множина каде има следен ред или колона во која би се додал четвртти род, доколку постои. Она што ова го покажува не е потполно точно, но обично претставува ефикасен пристап за говорителите кои го учат јазикот и на кои германскиот не им е мајчин јазик.
Номинални фрази
[уреди | уреди извор]Номиналните фрази во германскиот јазик општо се состојат од следниве компоненти во следниов редослед : член, број (основен или реден број), придавка(и), именка, генитив атрибут, позиција (позиции), релативна реченица, рефлексивна заменка.
- "Die dritte umwerfende Vorstellung des Schillerdramas in dieser Woche in Hamburg"
(Третиот зачудувачки перформанс на Шилеровата драма оваа недела во Хамбург)
Се разбира, повеќето номинални фрази не се толку комплицирани; придавки, броеви, генитивни атрибути, позиции, релативни реченици и нагласувања секогаш се дополнителна опција. Номиналната фраза содржи најмалку еден главен број, придавка, заменка или именка. Таа секогаш има член, освен ако се работи за неопределена множина на именката или се упатува на небројна маса.
- "Die Drei" (тројцата)
- "Der große Mann" (високиот човек)
- "Der Mann" (човекот)
Доколку именката е небројна, не се употребува членот; инаку ќе се промени значењето на реченицата.
- "Ich kaufe billiges Bier" (Јас купувамефтино пиво)
- "Ich kaufe ein billiges Bier" (Јас купувам шише/ лименка/ чаша...евтино пиво)
- "Ich habe Geld" (Јас имам пари)
- "Ich habe das Geld" (Јас имам пари) или (Јас имам доволно пари да....)
Номиналната фраза може да се смета за една целина. Tаа има падеж, број и род. Падежот и бројот зависат од контекстот, додека главната именка го одредува родот.
Генитив атрибут
[уреди | уреди извор]Номиналната фраза може да има генитивен атрибут, на пример за да искаже поседување на нешто. Овој атрибут може да се види како уште една номинална фраза во генитив, која може да зависи од друга номинална фраза.
- "Der Beruf des alten Mannes" (Професијата на стариот човек.)
- "Die Hütte des Häuptlings des Stammes" (Капата на главниот на племето.)
(фразата во генитив има своја фраза во генитив). Ова не е вообичаено во современиот германски. Се претпочита "Die Hütte des Stammeshäuptlings" (Капата на главниот н племето/ поглаварот).
Директен превод на "Der Beruf des alten Mannes" би бил „професијата на стариот човек“, но може да се каже и "Des alten Mannes Beruf" , но оваа форма речиси никогаш не се употребува во современиот германски, дури иако образованите кругови го сметаат за многу елегантна употреба на јазикот.
Позиција
[уреди | уреди извор]Номиналната фраза може да содржи „положбена фраза“; ова може да се види како уште една номинална фраза со препозиција (или постпозиција) или заменски прилог.
- "Eine Wolke am Himmel" (облак на небото)
- "Der Bundeskanzler während des Bürgerkriegs im Kongo" (Канцеларот за време на граѓанската војна беше во Конго)
(положбената фраза има своја положбена фраза)
- "Der Regen im Dschungel im Sommer" (дождот во џунглата во лето)
(неколку позициони фрази)
- "Der Berg dort" (планината таму)
Проширена атрибутивна фраза
[уреди | уреди извор]Германскиот јазик дозволува долги номинални определби, на пример: "Der während des Bürgerkrieges amtierende Premierminister" (буквално: за време на граѓанската војна Премиерот на функција), Премиерот на функција / претседава за време на граѓанската војна.
"Die noch zu Anfang des Kurses relativ kleinen, aber doch merklichen Verständigungsschwierigkeiten" (буквално: Сè уште за почетокот на курсотрелативно малите но сепак забележливите комуникациски тешкотии), Комуникациските тешкотии иако релативно мали на почетокот на курсот, сепак се забележливи.
Ова е одлика на писмениот (особено образовниот) германски. Но исто така може да се слушне и во формалната и орална комуникација (како и во вести, радио емисии, говори итн.).
Релативни реченици
[уреди | уреди извор]Номиналната фраза често ќе имаа релативна реченица. Настрана од своите високомоделирани форми, релативните заменки во германскиот јазик се помалку комплицирани. Постојат две варијанти. Првата почеста употреба заснована на определените членови der, die, das, но со посебните форми во генитив (dessen, deren) и множината во датив (denen). А втората, повеќе литературна и се користи за нагласување, е релативната употреба на welcher, welche, welches. И двете употреби моделираат според родот, падежот и бројот. Тие го преземаат нивниот род и број од именката која ја моделираат, но падежот го преземаат од нивната функција во реченицата.
Das Haus, in dem ich wohne, ist sehr alt. Куќата во која живеам е многу стара.
Релативната заменка dem е среден род и одговара со Haus, но таа е во датив бидејќи следи препозиција во самата реченица. На иста основа, можно ќе биде да се замени и заменката welchem.
Сепак, во германскиот јазик се употребува непроменливото was („што“) како релативна заменка кога претходник е alles, etwas или nichts („се“, „нешто“, „ништо“.), или кога претходник е цела реченица.
- Alles, was Jack macht, gelingt ihm.
Се што прави Џек, е успешно.
- Jack vergaß sein Buch, was niemanden überraschte.
Џек ја заборавил својата книга, што не изненади никого.
Во германскиот јазик, сите релативни реченици се обележани со запирка.
Членови и членови како зборови
[уреди | уреди извор]Променетите форми зависат од бројот, падежот и родот на соодветната именка. Членовите имаат исти форми во множина кај сите три родови.
Основни броеви
[уреди | уреди извор]Во врска со именките, основните броеви се наоѓаат пред придавките, доколку има придавки. Ако бројот е релативно низок, тоа обично не се комбинира со неопределениот член во множина (на пример einige или mehrere). Личните заменки во прво или второ лице се наоѓаат пред броевите. Личните заменки во трето лице може да се употребуваат со броеви.
- "Drei Hunde" (три кучиња)
- "Die vier apokalyptischen Reiter" (четирите јавачи на Апокалипсата)
- НЕ: "Einige fünf Äpfel" НО: "Einige Äpfel" или "Fünf Äpfel" (неколки јаболки, пет јаболки)
- "Ein paar tausend Euro" (неколку илјади евра)
- "Wir vier" (ние четворица)
При употребата на основните броеви потребна е множина на именката или номиналната фраза.
- НЕ: "Zehn Pferd" НО: "Zehn Pferde" (десет коњи)
- ИСКЛУЧОК: "Zehn Bier" (колоквијално) и "Zehn Biere" (полуформално) двата начина се прифатливи, што се однесува до одредени именки кои означуваат пијалаци.
Основниот број „еден“ е идентичен со формата и флексијата на неопределениот член. Бројот се разликува од членот во говорот со интонација и во писмената форма, понекогаш со нагласувањето (косото или пишвање со преостор: „ein“ или „e i n“). Кај дијалектите, неопределениот член е повеќе скратен во Schwa (Шва), што е еквивалентно на ненагласеното е (варирјќи во кратко „а“ во регионите на горниот германски), додека тоа не е случај кај основниот број.
- "Ein rotes Buch" може да значи
"црвена книга" - ein rotes Buch; или "една црвена книга" - ein rotes Buch
Броевите zwei (два) и drei (три) во некои случаи имаат падежен завршеток. Каде што придавката има слаби завршетоци, броеви или воопшто нема броеви. Ако некоја придавка има јаки завршетоци, овие броеви исто така може да имаат јаки завршетоци во генитив.
- "das Haus zweier junger Frauen" (куќата на две млади жени)
Ако не постои друг збор носител на јакиот завршеток во генитив множина, бројот мора да биде носител на завршетокот.
- "die Reise dreier Schwestern" (патувањето на трите сестри)
Ако овие броеви се главни во номиналната фраза во датив множина и ако ниту еден друг збор нема падежни обележја, тие може да имаат наставки во датив.
- "Zweien habe ich Bananen gegeben" (Им дадов банани на двајцата(од нив))
Посебен случај за 'eins' во германскиот јазиик: може да биде претставено како: "eins", "eine", "einer", "eines", "einem" или "einen" во зависност од реченицата.
Придавки
[уреди | уреди извор]Придавките во германскиот јазик обично стојат пред именката која тие ја менуваат. Придавките во германскиот јазик имаат завршетоци кои зависат од падежот, бројот и (во еднина) родот на номиналната фраза, но всушност има две групи на завршетоци, наречени јаки и слаби завршетоци. Секоја група зависи од тоа каков вид збор доаѓа после придавката, а понекогаш зависи и од родот и падежот. Како членовите, така и придавките ги добиваат истите наставки во множина кај сите три родови.
- "Ein lauter Krach" (гласна врева)
"Der laute Krach" (гласната врева)
- "Der große, schöne Mond" (големата, убава месечина)
Партиципите може да се користат како придавки и се третирани на ист начин.
За ралика од Романските јазици, придавките се деклинираат само кога се во атрибутивна позиција (тоа значи, кога се употребуваат во номинални фрази со цел да ја опишат директно именката). Предикативните придавкки, кои се разделени од именката, не се деклинираат и се разликуваат од прилозите.
- НЕ: "Die Musik ist laute" НО "Die Musik ist laut" (музиката е гласна) или, поретко, "Die Musik ist eine laute" (музиката е гласна).
Постојат три степени на компарација: позитивна, компаритивна и суперлативна форма. За разлика од латинскиот или италјанскиот, не постои граматичка функција за апсолутен суперлатив.
Заменки
[уреди | уреди извор]Заменките во трето лице може да се употребат како замена за номиналните фрази. Тие имаат род, број и падеж исто како и оригиналните номинални фрази. Ова исто така важи и за другите заменки.
Лични заменки
[уреди | уреди извор]1л. ед. | 2л. ед. | 3л. ед. | 1л. мн. | 2л. мн. | 3л. мн. | 2л. учтива форма | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Номинатив | ich | du | er | sie | es | wir | ihr | sie | Sie |
Акузатив | mich | dich | ihn | sie | es | uns | euch | sie | Sie |
Датив | mir | dir | ihm | ihr | ihm | uns | euch | ihnen | Ihnen |
Генитив | meiner | deiner | seiner | ihrer | seiner | unser | euer | ihrer | Ihrer |
Рефлексивните лични заменки се разликуваат само во трето лице (и второ лице учтива форма) датив и акузатив, за да се каже sich. (во второ лице учтива форма исто така со мала буква).
Глаголи
[уреди | уреди извор]Глаголите во германскиот јазик може да се поделат на слаби, со забна согласна промена, или јаки претставувајќи градијација на самогласката (ablaut). Повеќето глаголи од двата вида се правилни, иако се појавуваат голем број под-групи и аномалии. Единствениот тотално неправилен глагол во јазикот е „sein“ (сум). Сепак, во учебниците за германски како странски јазик често јаките глаголи се класифицираат како неправилни. Постојат помалку од 200 јаки и неправилни глаголи и тенденција јаките глаголи постепено да стануваат слаби.
Деливи глаголи
[уреди | уреди извор]Во германскиот јазик многу глаголи имаат делива претставка кој може да биде неповрзан со својот корен. Пример за тоа е aussehen , да се појави или погледне, и vorstellen да замисли или да се претстави.
- Peter sieht spitze in seinem Anzug aus. Петер изгледа згодно во неговата облека.
- Lori, kennst du meine Frau? Ja? Wer stellte euch vor? Лори, ја познаваш ли жена ми? Да? Кој ти ја претстави?(Кој ве запозна?)
Модални честички
[уреди | уреди извор]Модалните честички (Abtönungspartikel) се дел од говорот кои често се користат во говорниот германски јазик. Овие зборови влијаат врз стилот на реченицата, наместо на пренесувањето на одредена буквална смисла. Типични примери за овој вид на зборови во германскиот јазик се doch, mal, halt, eben, nun, schon, eh или ja.Многу од овие зборови исто така имаат и повеќе основни, специфични значења (на пример: ja „да“, schon „веќе“), но во нивната модална употреба ова значење не е директно изразено.
Реченици
[уреди | уреди извор]Стуктурата на речениците во германскиот јазик на некој начин е покомплексна за разлика од другите јазици, со фрази правилно поставени за двете прашални и зависни фрази.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |