Прејди на содржината

Горица (Албанија)

Координати: 40°37′N 20°46′E / 40.617° СГШ; 20.767° ИГД / 40.617; 20.767
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горица
Општина
Поглед кон Горица
Поглед кон Горица
Амблем на Горица
Амблем
Горица is located in Албанија
Горица
Горица
Координати: 40°37′N 20°46′E / 40.617° СГШ; 20.767° ИГД / 40.617; 20.767
ДржаваАлбанија
ОбластГорица
ОкругГорица
Основан15 век
Управа
 • ГрадоначалникСотираќ Фило
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2013)
 • Вкупно51.683
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број7001-7004
Повик. бр.(+355) 082
Рег. таб.KO
Мреж. местоbashkiakorce.gov.al

Горица или Корча (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Високуќи (Виткуќ), Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.[1] Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2.[2] Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.[3]. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.

Градот денес

[уреди | уреди извор]
Градот и црквата „Воскресение Христово“

Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население кое говори на својот горички дијалект. а исто така и голем број на православни етнички Албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Од 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.[4]

Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на влашкиот учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.

Во 2000-те е отворено и првото училиште на македонски јазик со поддршка од партијата Македонска алијанса. Од 2015 г. во градот се одржува и македонскиот фолклорен фестивал „Сонце“.

Градот е именуван различно во други јазици: грчки: Κορυτσά, Koritsá; италијански: Coriza; турски: Görice.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Law nr. 115/2014
  2. „Interactive map administrative territorial reform“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2015-08-07.
  3. „Резултати од пописот во 2011 г.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2015-08-07.
  4. Цветаноски, Љупчо (17 ноември 2010). „ТВ Кристал - Македонски јазик во албанскиот етер“. Сител. Посетено на 2011-04-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  翻译: