Дела-сираци
Дела-сираци или дела-сирачиња се авторски дела за кои е тешко или невозможно да се контактира сопственикот на авторски права. Оваа ситуација може да се појави од разни причини. Авторот можеби никогаш не бил јавно познат оти делото било објавено анонимно или делото никогаш не било објавено според традиционалните стандарди (на пр. без да се земе ИСБН број). Или идентитетот на авторот можеби некогаш бил познат, но со текот на времето таа информација се изгубила. Дури и ако авторот е познат, можеби не е возможно да се определи кој ги наследил авторските права и е тековен сопственик. Скоро секое дело за кое, иако е вложен разумен напор, не е пронајден тековниот носител на авторски права може да се смета за дело-сирак. Арно ама овој термин често се користи и полабаво, а во некои јурисдикции воопшто не постои правна дефиниција за него.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- United States Copyright Office on The "Orphan Works" Problem and Proposed Legislation
- Политика за информатичко општество на ЕУ во наредните години ЕДРИ-грам бр.7.19 (07.10.2009), преведен и објавен на македонски од Метаморфозис (13.10.2009).
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |