Прејди на содржината

Лајшманиоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајшманиоза
Кожен чир како последица на лајшманиоза
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците

Лајшманиоза e паразитско заболување што го предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од родот лајшманија. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно заболување и да доведе до смртни последици.[1]

Лајшманиозата се јавува во три облици:

  • Кутана (кожна)
  • Мукокутана (кожно-слузничава)
  • Кала-азар (“црна смрт“, со зафаќање на органите)

Годишно во светот заболуваат околу 1,5 милион лица од кожниот облик на лајшманиоза и околу половина милион од Кала-азар.

Период на разболување

[уреди | уреди извор]
Лајшманиоза - кутана од 1917 г. на Блискиот Исток, позната како „ерихонски копчиња“, поради засчестените вакви случаи во близина на древниот град Ерихон

Паразитот го пренесува тропската мушичка Phlebotomus paptasii, преку каснување и вшприцување во кожата. Времето што поминува од инфекцијата (каснувањето на заразен Phlebotomus) до појавата на првите симптоми на болеста (времето на инкубација) изнесува:

  • од 7 дена до неколку месеци за Кутана (кожната лајшманиоза)
  • од 10 дена до неколку години за Кала-азар

Заболениот човек, пак, претставува извор на зараза за Phlebotomus-от од неколку месеци до две години.

Симптоми

[уреди | уреди извор]

По болниот убод на мушичката, на кожата се создава црвена раничка, која најчесто е безболна и во наредните денови се шири. Понекогаш раничката добива чирозен карактер (од една или две ранички се создава рана која личи на вулкан - со издигнати краеви и централен кратер). Во тој регион лимфните јазли можат да бидат зголемени.

Лекување

[уреди | уреди извор]

До излекување доаѓа спонтано или по спроведена терапија. Нелекуваните промени може да траат со месеци, па и години. Подобро е промените на кожата да се лекуваат, отколку да се остават сами да зараснат, бидејќи можат да остават грди лузни. Истот така, постои опасност паразитот да остане скриен во организмот и по повлекувањето на промените на кожата, и да дојде до рецидиви (враќање на болеста во случај на ослабнување на имунитетот).

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Распространетоста на лајшманиозата е условено од присуството на мушичката Phlebotomus на одредена територија.

Болеста е распространета во региони каде има долги периоди на суво и топло време, односно во умерениот, тропскиот и суптропскиот климатски појас.

Запрашувањето на комарците со средства за дезинфекција, со цел да се искорени маларијата, придонело и за намалување на бројот на Phlebotomus-от и заболените од лајшманиоза.

Болеста е регистрирана во 88 земји во светот, каде живеат околу 350 милиони луѓе:

Потешка форма на болеста, со зафаќање на внатрешните органи е регистрирана во Азија (Индија, Бангладеш, Непал), Африка (Судан) и Јужна Америка (Бразил).

  翻译: