Масовна повеќеиграчка семрежна игра
Изглед
Масовна повеќеиграчка семрежна игра (англиски: Massively Multiplayer Online Game), скратено MMOG или MMO — семрежна игра во која голем број играчи дејствуваат едни со други во „постојан“ играчки свет, расположен на играчки сервер.[1][2] Главната разлика помеѓу MMO и повеќестандардни семрежни игри се два фактори:
- MMO работи исклучиво преку семрежјето — стандардните повеќеиграчки игри можат да работат, покрај семрежјето, и преку месна мрежа.
- ММО се играат истовремено од неколку десетици до илјадници луѓе што имаат можност да општат едни со други — бројот на истовремени учесници во стандардните повеќеиграчки игри обично се движи од неколку стотици до неколку десетици луѓе.
Главни видови ММО
[уреди | уреди извор]По жанр
[уреди | уреди извор]Семрежните игри се поделени на два големи вида:
- Служба „Барање на соиграч“, односно играње пукачки игри од прво лице, автосимулатори и други традиционални игри со можност за наоѓање соиграч на семрежјето (ова не вклучува шах, покер итн.).
- Семрежен свет (англ. Online World) — игра во која суштествуваат голем број ликови во еден виртуелен свет. За возврат, семрежните светови може да се поделат на:
- MMORPG — масовна повеќеиграчка игра со улоги.
- MMOFPS — масовна повеќеиграчка пукачка игра од прво лице.
- MMOSG — масовна повеќеиграчка друштвена игра.
- MMORG — масовна повеќеиграчка тркачка игра.
- Масовна стратегиска игра (како воена, така и економска). Како подвид: спортски менаџери.
- Масовни квизови.
- И други, поретки видови. На пример, воени симулатори, авиосимулатори и авиоразводни служби.
Често, границите на жанровите се нејасни. На пример, во многу современи MMOFPS има RPG-состојки — играчот може да подобри различни особености на неговиот лик, да отклучи ново оружје и опрема, и да научи вештини.[3]
Според видот на клиентот
[уреди | уреди извор]Клиентската програма може да биде:
- Особена клиентска програма (на пример, World of Warcraft, Eve Online).
- Терминална програма (MUD-клиент).
- Прелистувач (поединечни проекти, на пример, OGame, игри за друштвени мрежи).
- IRC-клиент (на пример во квиз-игрите).
- Jabber-клиент.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Definition of mmo | Dictionary.com“ (англиски). www.dictionary.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-10. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Robert Earl Wells III. „What Does MMO Mean? All About the Most Popular Video Game Genre“ (англиски). Lifewire. Архивирано од изворникот на 2019-07-09. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Majhi, Samir Saurav (2011-05-23). „16 Different Types of Massively Multiplayer (MMO) Online Games“. Dragon Blogger Technology (англиски). Посетено на 2022-10-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Massive Multiplayer Online на Curlie (англиски)