Прејди на содржината

Мерилин Монро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мерилин Монро
Монро во промотивна поза од 1953 година.
Роден(а)Норма Џин Мортенсон
Други имињаНорма Џин Бејкер
Активен1947-1962
Висина1.66 м (5 ст 5 ин)
СопружникЏејмс Доерти (1942-1946)
Џо Димаџо (1954)
Артур Милер (1956-1961)

Мерилин Монро, родена како Норма Џин Мортенсон[1][2] (на 1 јуни 1926 - 5 август 1962[3]) но крстена и одрасната како Норма Џин Бејкер е американска глумица, пејачка и модел[4]. Откако поминала голем дел од своето детство во згрижувачки семејства, Монро ја започала својата кариера како модел, по што, во 1946 година, го склучила својот прв филмски договор. Нејзините рани улоги биле мали, но нејзините изведби во Џунгла на асфалтот и Сѐ за Ева (двата во 1950) биле добро примени. До 1953 година, напредокот во кариерата на Монро ѝ обезбедил главни улоги. Нејзиниот лик на „глупава русокоса“ бил искористен за комичен ефект во филмовите Мажите повеќе сакаат русокоси (1953), Како да се омажиш за милионер (1953) и Седум години верност (1955). Ограничена од изборот на улогите, Монро студирала во Глумечкото студио со цел да го прошири својот глумечки опсег, па нејзината драматична изведба во Автобуска станица (1956) била поздравена од критичарите и таа добила номинација за „Златен глобус“. Нејзината продуцентска куќа, Мерилин Монро Продукција, го снимила филмот Принцот и танчерката (1957), за кој таа добила номинација за наградата на БАФТА и ја освоила наградата „Давид ди Донатело“. Со „Златен глобус“, Монро се закитила за својата изведба во Некои го сакаат тоа жешко (1959).

Последните години од животот на Монро биле обележани со болести, лични проблеми и репутација на несигурна личност, тешка за соработка. Околностите за нејзината смрт, од предозираност од барбитурати, се предмет на истрага. Иако официјално се смета за „веројатно самоубиство“, не се исклучени ниту можностите дека се работи за случајно предозирање или за убиство. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја прогласил Мерилин Монро за шеста најголема филмска ѕвезда во историјата на филмот. По нејзината смрт, Монро често е наведувана како поп-културна икона, а исто така и како американски секс симбол. Во 2013 година, Монро била посмртно избрана за новото заштитно лице на познатиот парфем „Шанел 5“.[5][6][7][8]

Семејство и рани години

[уреди | уреди извор]

Монро е родена во Болницата на округот на Лос Анџелес, на 1 јуни 1926 година[9], како Норма Џин Мортенсон (набрзо променето во Бејкер), како трето дете родено на Гледис Перл Бејкер (со моминско презиме Монро) (27 мај 1902 - 11 март 1984).[10] Според изводот на родените, таткото на Монро е Мартин Едвард Мортенсон чие место на живеење е заведено како „непознато".[11] Името Мортенсон е наведено како нејзино презиме на изводот на родени, иако Гледис многу набрзо го менува во Бејкер, презимето на нејзиниот прв маж, кое таа сè уште го користи. Презимето на Мартин е погрешно напишано на изводот за родени, доведувајќи до поголема забуна за тоа кој е нејзиниот вистински татко. Гледис Бејкер се венча со Мартин Е. Мортенсон во 1924 година, но се разделува од него непосредно пред бременоста на Гледис.[12] Неколку од биографиите на Монро укажуваат и на тоа дека Гледис Бејкер го искористила неговото име за да ја избегне стигмата на незаконитоста.[13] Мортенсон умира на 85 години, па тогаш и се откриени изводот на родените на Монро, заедно со документите за брак и развод на нејзините родители. Документите покажуваат дека Мортенсон поднел барање за развод од Гледис на 5 март 1927 година и дека истиот е финализиран на 15 октомври 1928 година.[14][15]

Во текот на нејзиниот живот, Мерилин Монро негираше дека Мортенсон е нејзиниот татко.[12] Има речено дека, кога била дете, ѝ била покажана фотографија на човек кој Гледис го идентификувала како нејзин татко – Чарлс Стенли Гифорд. Се сеќава дека тој имал тенки мустаќи и дека донекаде личел на Кларк Гејбл, и дека таа самата се забавувала себеси, преправајќи се дека Гејбл бил нејзиниот татко.[12][16] Гледис била ментално нестабилна и финансиски неспособна да се грижи за младата Норма Џин, па затоа ја сместува во хранителното семејство на Алберт и Ида Болендер од Хоторн, Калифорнија, каде што живее до нејзината седма година. Додека живее со Болендерови, се случува и еден необичен настан. Еден ден, Гледис доаѓа кај Болендерови и бара Норма Џин да ѝ биде вратена назад, под нејзина грижа. Ида знаеше дека Гледис е нестабилна во тоа време и инсистира дека Норма Џин не би имала полза од еден такво акт. Откако одбива да соработува, Гледис успева да ја извлече Ида во дворот и да се стрча во куќата, заклучувајќи ја вратата зад себе. По неколку минути, Гледис излегува од предната врата со еден од воените ранци на Алберт Болендер. На запрепастеност на Ида, Гледис ја имала веќе втурнато и запетлано разврисканата Норма Џин во ранецот, продолжувајќи да се движи далеку од куќата. Ида се залетува кон Гледис и караницата завршува со кинење на ранецот. Норма Џин испаѓа надвор и почнува гласно да плаче, а Ида, грабнувајќи ја, ја повлекува назад во куќата, далеку од Гледис. Ова е само една од многуте бизарни пресметки меѓу младата Норма Џин и нејзината ментално пореметена мајка.[17]

Во 1933 година, Гледис купува куќа и ја доведува Норма Џин да живее со неа. Сепак, неколку месеци по преселувањето, Гледис доживува ментален слом, започнувајќи еден цел низ на ментални епизоди кои ќе ја мачат до крајот на нејзиниот живот. Во Мојата приказна, Монро се сеќава како мајка ѝ „врескала и се смеела" додека присилно е преместена во Државната болница во Норвок. Норма Џин е прогласена за грижа на државата, па најдобрата пријателка на Гледис, Грејс Мек Ки, станува нејзин старател. Грејс е таа која што ѝ кажува на Монро дека еден ден таа ќе стане филмска звезда. Грејс била восхитена од Џин Харлоу, па ќе затоа ја пуштала Норма Џин да носи шминка и ја водела да ѝ ја виткаат косата. Ја водела со себе и на кино, на тој начин овозможувајќи да се вообличи основата за фасцинацијата на Норма Џин со филмот и ѕвездите на екранот.

Грејс Мек Ки се венча за Ервин Силимен (Док) Годард во 1935 година, а деветгодишната Норма Џин е пратена во Домот за деца без родители во Лос Анџелес (подоцна преименуван во Холигров [Hollygrove], а потоа е препратена кај цела низа на згрижувачки семејства.[18] За време на престојот во Холигров, неколку семејства се заинтересирани за нејзино посвојување; сепак, Гледисовото колебање да ги потпише документите за посвојување ги осуетува тие обиди. Во 1937 година, Грејс одново ја зема Норма Џин назад за да живее со неа, со Годард и со една од ќерките на Годард од претходниот брак. Ваквата спогодба не трае долго, бидејќи Док Годард се обидува во неколку наврати сексуално да ја злоупотреби Норма. Вознемирена, Грејс ја испраќа Норма да живее со нејзината пра-тетка, Оливија Бранингс, во Комптон, Калифорнија. Оваа спогодба, исто така, е со краток рок, зашто 12-годишната Норма Џин е нападната (некои извештаи велат сексуално) од страна на еден од синовите на Оливија. Биографите и психолозите се сомневаат дали барем дел од подоцнежното однесување на Норма Џин (т.е. нејзината хиперсексуалност, нарушувањата на спиењето, злоупотребата на супстанци, нарушените меѓучовечки односи) е манифестација на последиците од сексуалната злоупотреба во нејзиното детство во контекст на нејзините веќе проблематични односи со нејзината ментално болна мајка и последователните негуватели.[19][20] Во почетокот на 1938 година, Грејс ја испраќа Норма да живее одново со друга од нејзините тетки, Ана Лоуер, која живее во Ван Нијс реонот од Лос Анџелес. Времето минато со Лоуер е еден од ретките стабилни период во животот на младата Норма Џин. Години подоцна, таа со насмевка ќе се сеќава на времето што го поминала со Лоуер, која таа со приврзаност ја вика „тетка Ана“. До 1942 година, остарената Лоуер се соочува со сериозни здравствени проблеми, па поради тоа и Норма Џин се враќа да живее со Годардови. Додека оди во средното училиште Ван Нијс, таа се запознава со синот на едни од соседите, Џејмс Доерти (подобро познат едноставно како „Џим") и започнува врска со него.[1][21][22]

Кај Годардови Норма уште еднаш ќе остане само накратко. Кон крајот на 1942, Грејс и Док одлучуваат да се преселат во Вирџинија, каде Док добива богата понуда за работа. Годардови одлучуваат да не ја земат Норма Џин со нив (причините никогаш не се објаснети), така што Грејс требаше да најде дом за неа пред да се преселат. Едно семејство од соседството се понудува да ја посвои Норма Џин, но Гледис не се согласува. Немајќи голем избор, Грејс ѝ се обраќа на мајката на Доерти и ѝ предложува Џим да се ожени со Норма за таа да не мора да се врати во сиропиталиште или згрижувачко семејство. Џим првично се колеба, бидејќи Норма Џин има само шеснаесет години, но потоа попушта и се венча со неа на церемонија организирана од Ана Лоуер, по пораното завршување на средното училиште уште во јуни 1942. Монро накратко ѝ помага на својата фамилија околу домаќинството, пред да најде работа во една мала фабрика.[1][23] Во нејзината автобиографија таа ќе појасни дека не се чувствувала како жена: уживала да си игра со маалските деца сè додека нејзиниот сопруг не ја повикал дома. Во 1943-та, во жарот на Втората светска војна, Џим се пријавува во Тргувачката морнарица и е транспортиран на Тихиот Океан. Исплашена дека тој можеби нема да се врати жив, Норма Џин го моли да се обиде да ја забремени пред да замине. Доерти не се согласува, чувствувајќи дека таа е премногу млада за да има бебе, но вети дека ќе се навратат на темата кога ќе се врати дома. Потоа, Норма Џин се сели кај мајката на Доерти.

Манекенство и рана филмска кариера

[уреди | уреди извор]
Г-ца Норма Џин Доерти, списание Yank, 1945

Додека Доерти е дел од Тргувачката морнарица, Норма Џин се вработува во фабриката за муниција Рејдиоплејн. Таа прска авионски делови со огнен ретардант и прегледува падобрани. Во овој период, фотограферот на армијата Дејвид Коновер сликна фотографија од неа за една статија во списанието Јенк [Yank]. Тој ја охрабрува да аплицира за Модната Агенција Блу Бук [Сина книга/The Blue Book Modeling Agency]. Таа потпишува договор со агенцијата и започнува да ги истражува кариерите на Џин Харлоу и Лана Тарнер. Кажано ѝ е дека се бараат модели со посветла коса, па Норма Џин ја обелува својата темна коса за да стане блондинка.

Норма Џин Доерти ќе стане една од најуспешните модели на Блу Бук, појавувајќи се на десетици насловни страници од разни списанија. Џим Доерти не е ниту запознаен со новата професија на неговата жена сè додека не открива дека еден од неговите соморнари се восхитува на една слика на подразголената Норма Џин во списание. Доерти ѝ пишува во неколку писма дека откако ќе се врати од служба, таа ќе мора да се откаже од манекенство. Незадоволна, Норма Џин – која сега ги гледа можностите што манекенството и глумечката кариера ѝ ги отвораат – одлучува да се разведе од Доерти. Бракот завршува кога тој се враќа од странство во 1946 година.

Договори со студија и почетоци

[уреди | уреди извор]

Нејзината успешна кариера како модел му го привлекува вниманието на Бен Лион, извршител на 20th Century Fox, кој организира пробно снимање за неа. Лион беше воодушевен и забележува: „Тоа е Џин Харлоу одново“. Понуден ѝ е стандарден шест-месечен договор со почетна плата од 125 долари неделно. На Лион не му се допаѓа името Норма Џин и ѝ го избира „Керол Линд“ како сценско име – по Карол Ломбард и Џени Линд – но наскоро самиот заклучува дека ова не е соодветен избор. Норма Џин е поканета да го мине викендот со Лион и неговата сопруга Биби Даниелс во нивниот дом. Таму тие одлучија да ѝ најдат ново име. По стапките на нејзиниот идол Џин Харлоу, Норма Џин одлучува да го избере моминското презиме на мајка ѝ – Монро. Неколку варијации како што се Норма Џин Монро и Норма Монро се пробани и конечно е избрано „Џин Монро“. Сепак, најпосле, Лион одлучува дека сака таа да има ново име, бидејќи имало многу глумици со името Џин, или варијација на истото како Џин Питерс, Џин Тирни, Жан Крејн и Жан Артур. Барајќи некои поалитерациско име, Лион го предложува „Мерилин“, коментирајќи дека таа го потсетува на Мерилин Милер, секси глумица на Бродвеј во 1920-тите години. Норма Џин отпрвин е колеблива бидејќи Мерилин е само скусување на името Мери Лин (Маry Lynn), име што не ѝ се допаѓа. На Лион, сепак, му се чини дека името „Мерилин Монро" е секси, „убаво тече“ и може да биде „среќно“ поради двојното „М"; така Норма Џин Бејкер го зеде името Мерилин Монро.

Првата филмска улога на Мерилин Монро е незаведената улога како телефонски оператор во Скандалозната госпоѓица Пилгрим во 1947 година.[24] Добива кратка улога истата година во Опасните години и дополнителен настап во Зелената трева на Вајоминг и Беше суден за мене, а исто така и улога со појава во три сцени како Бети во Скуда Ху! Скуда Хеј!. Всушност, делот на Монро во Скуда Ху! Скуда Хеј! требаше да биде долг три сцени, но пред појавувањето на филмот нејзиниот дел е пресечен на само една кратка сцена од една реплика. Зелената трева на Вајоминг, Беше суден за мене и Скуда Ху! Скуда Хеј! нема да бидат проектирани до 1948 година, месеци по завршувањето на договорот на Монро кон крајот на 1947. Таа се обидува да најде работа на филм, но додека невработена – позира за голи фотографии. Ѝ плаќаат 50 долари, а на отписницата таа се потпишува како „Мона Монро". Тоа е единствениот пат таа да биде платена за голите фотографии. Истата година, исто така, е крунисана и како Кралица на артичоките Мис Калифорнија (Miss California Artichoke Queen) на годишниот фестивал на артичоките во Кастровил.[25]

Во 1948 година, Монро потпишува шестмесечен договор со Columbia Pictures и е претставена пред главниот учител по драма на студиото Наташа Литес, која ќе биде нејзин глумечки учител во неколку години. Глуми во нискобуџетниот мјузикл Дамите од хорот. Монро е напишана со големи букви како една од најсветлите точки на филмот, но филмот не носи никаков успех ниту за Колумбија, ниту пак за Мерилин. За време на нејзиниот краток престој во Колумбија, главниот на студиото Хери Кон на некој начин го омекнува нејзиното појавување, коригирајќи го благиот прегриз што Мерилин го има.

Таа има мала улога во филмот на Браќата Маркс, Среќни во Љубовта(1949). Ги импресионира продуцентите, кои ја праќаат во Њујорк за да учествува во филмската промотивна кампања.[26] Улогата на Монро во Среќни во Љубовта го привлекува вниманието на агентот за таленти, Џони Хајд, кој се согласува да ја застапува. Тој ѝ договара аудиција кај Џон Хјустон, кој ја најмува за во Џунгла на асфалтот да игра улога на млада љубовница на еден стар криминалец. Нејзината изведба е пофалена и е забележана од страна на писателот и режисер Џозеф Манкјевич. Тој го прифаќа предлогот на Хајд, Монро да одигра мала комична улога во Сè за Ева како госпоѓица Кесвел, амбициозна глумица, опишана од друг лик во филмот како студент на „Факултетот Копакабана за драмски уметности". Манкјевич подоцна коментира дека тој во неа забележал невиност која му се допаднала и дека токму ова ја потврдила неговата убеденост дека Монро е соодветна за улогата. По успехот на Монро во овие улоги, Хајд преговара за седумгодишен договор за неа со 20th Century Fox, кратко пред неговата смрт во декември 1950 година.[27] Некаде во текот на овој период на 1949-1950, Хајд договара на Монро да ѝ се отстрани еден мал дел од 'р'скавицата од нејзиниот малку луковичест нос, што подоцна, уште повеќе ќе го омекне нејзниниот изглед и ќе придонесе за онаа мала варијација во изгледот што таа го има во филмовите после 1950-тата.

Монро се запишува на УКЛА во 1951 година каде што студира литература и почит кон уметностите,[28] и се јавува во неколку помали филмови играјќи наспроти многу поискусните ѕвезди како Мики Руни, Констанца Бенет, Џун Алисон, Дик Пауел и Клодет Колберт. Во март 1951 година, таа се појави како водителка на церемонијата на Дваесет и третото доделување на Оскарите. Во 1952 година, Монро се јавува на насловната страница на списанието Look, облечена во џемпер на Институтот за технологија во Џорџија како дел од една статија која го прославува прифаќањето на девојките на главниот кампус на факултетот. На почетокот на 1950-тите години, двајцата, Монро и Грег Палмер, неуспешно аудицираат за улогите на Дејзи Меј и Абнер во предложената Лил Абнер телевизиска серија заснована на комичниот стрип на Ал Кеп, но идејата никогаш и не се материјализира.[29]

Развој на кариерата

[уреди | уреди извор]

Во март 1952, Монро се соочува со можен скандал кога една од нејзините разголени слики од сесијата во 1949 година со фотографот Том Кели станува дел од еден календар. Печатот шпекулира за идентитетот на анонимната манекенка и забележува дека таа е доста слична со Монро. Додека студиото расправа околу можното справување со проблемот, Монро предложува дека би требало едноставно да се признае дека таа позирала за фотографијата, но и да се нагласи дека таа го направила тоа само затоа што немала пари да си ја плати киријата. Монро дава интервју во кое ги дискутира околностите кои довеле до тоа таа да позира за фотографиите и публицитетет што следи побудува сочувство за нејзината мака како една глумица во постојана борба со околностите.

Првпат се појавува на насловната страница на списанието Лајф во април 1952 година, каде е опишана како Она за што се зборува во Холивуд („The Talk of Hollywood“). Приказните од нејзиното детство и рана младост ја прикажуваа во едно симпатично светло: насловната приказна за изданието на списанието True Experiences од мај 1952 ја покажува насмеаната и самодоволна Монро покрај насловот на кој пишува: „Дали изгледам среќно? Би требало – зошто бев дете што никој не го сакаше. Осамена девојка со сон – која се разбуди да го оствари тој сон. Јас сум Мерилин Монро. Прочитај ја мојата Пепелашка приказна." Ова е и периодот кога таа почнува да се забавува со бејзбол играчот Џо Димаџо. Фотографија од Димаџо како ја посетува Монро во студиото на 20th Century Fox е испечатена низ весниците во САД а гласините за можна романса меѓу нив двајца генерираат понатамошен интерес за Монро.[30]

Филмски успех

[уреди | уреди извор]

Четири филма во кои глуми Монро се појавуваат во 1952 година. Таа е позајмена до студијата на РКО за да одигра мала споредна улога во Судир навечер, драма на Барбара Стенвик, во режија на Фриц Ланг. Издаден во јуни 1952 година, филмот е популарен кај публиката, а голем дел од неговиот успех е припишан на интересот за Монро, која што доби - општо земено – пофални коментари од критичарите.[31]

Со Кит Андис во Ноќен состанок (1952)

Ова е проследено со два филма што се јавуваат во јуни – комедијата Не сме земени! и драмата Нема потреба да тропаш. Не сме земени! ја прикажува Монро како дел од натпревар за убавина. Variety го опишува филмот како ,лесен'. Рецензентот на ова списание пишува и дека Монро е искористена до максимум, прикажана во капачки костим и дека некои од нејзините сцени сугеририраат дури и некаква злоупотреба. Во Нема потреба да тропаш, таа ја игра главната улога на бејбиситерка која се заканува дека ќе го нападне детето кое ѝ е доделена за да се грижи за него. Песимистичната мелодрама е лошо примена од критичарите, иако Монро самата смета дека истата вклучува дел од нејзините најдраматични изведби. Мајмунска работа, успешна комедија режирана од Хауард Хокс со Кери Грант и Џинџер Роџерс во главните улоги, се јавува во септември и е првиот филм во кој Монро се појавува со својата платинска руса коса. Во Преполната куќа на О’Хенри на 20th Century Fox, кој излегува во август 1952 година, Монро одигрува само една едноминутна сцена покрај Чарлс Лафтон, а сепак, на плакатот за фимот е запишана со големи букви покрај него и останатите ѕвезди на филмот, како Ен Бекстер, Фарли Грејнџер, Џин Питерс и Ричард Видмарк.

Нијагара

[уреди | уреди извор]

Дерил Ф. Зенак смета дека филмскиот потенцијал на Монро вреди да се развива и ја ѝ доделува улога во Нијагара, како femme fatale што планира да го убие својот сопруг, кој го игра Џозеф Котен.[32] За време на снимањето, шминкерот на Монро, Вајти Снајдер, ја забележува нејзината сценска трема (која крајно ќе го обележи нејзиното однесување на филмските сетови низ нејзината кариера); режисерот го назначува токму него како оној кој треба да поминува часови нежно убедувајќи ја и тешејќи ја Монро додека таа се спрема да ги сними сцените.

Како Роуз во Нијагара

Голем дел од коментарите на критичарите по појавувањето на филмот се фокусира на изразено сексуалната глума на Монро, а сцената која ја покажува Монро (одназад) како ужива во една долга прошетка кон Нијагарините водопади, е често прибележана во рецензиите. По гледањето на филмот, Констанс Бенет наводно саркастично забележал: „Ете една женска чија иднина е зад неа“.[33] Вајти Снајдер вели дека, за врмее на подготовката на филмот, Монро го постигнува, по многу експериментирање, „изгледот, и ние го искористивме тој изглед за неколку филма што следеа... изгледот беше востановен".

Иако филмот е успешен и изведбата на Монро е пречекана со позитивни коментари, нејзиното однесување на промотивни настани понекогаш привлекуваше негативни прибелешки. Нејзиното појавување на вечерата за доделување на награди од Photoplay во до кожа тесниот златен lamé фустан е критикувано. Лоуела Парсонс, во својата колумна ја цитира Џоан Крафорд која, пак зборувала за „вулгарноста" на Монро и за тоа дека нејзиното однесување е „недостојно за една глумица и дама". Монро претходно е критикувана и за носењето на фустан со деколте спуштено речиси до нејзиниот папок кога се појавува како Големиот Маршал на парадата на Мис Америка во септември 1952 година.[34] Една фотографија од овој настан е искористена за насловната страница на првото издание на Плејбој од декември 1953 година, со фотографија од гола Монро, сликана во 1949-тата година, внатре во списанието.

Мејнстрим успех

[уреди | уреди извор]

Мажите повеќе сакаат русокоси

[уреди | уреди извор]
Изведувајќи ја "Diamonds Are a Girl's Best Friend" во Мажите повеќе сакаат русокоси (1953)

Нејзиниот следен филм е Мажите повеќе сакаат русокоси (1953) во кој игра покрај Џејн Расел, во режија на Хауард Хокс. Нејзината улога како Лорелај Ли, танчарка што оди по пари, бара од неа да глуми, пее и танцува. Двете ѕвезди стануваат пријателки, а Расел ја опишува Монро како „многу срамежлива и многу слатка и далеку поинтелигентна од тоа што луѓето велат дека е“. Подоцна таа се сеќава дека Монро ја покажувала својата посветеност со вежбање на своите танцови точки секоја вечер дури и откако кога поголем дел од екипата ќе си заминела; како по навика, сепак, вообичаено пристигнувала доцна на сетот за снимање. Откако открива дека Монро останува во нејзината соблекувална до подоцна поради трема и дека Хокс е сè понестрплив со нејзиното доцнење, Расел почнува да ја придружува до сетот.[35]

На премиерата на филмот во Лос Анџелес, Монро и Расел ги врежуваат своите раце и стапалки во цементот на дворот од Граумановиот Кинески театар. Монро е оценета позитивно од критиката, а филмот заработува повеќе од двојно од тоа колку чини неговата продукција.[36] Нејзиниот препев на „Дијамантите се најдобриот пријател на девојката“ оттогаш е речиси поистоветен со неа. Мажите повеќе сакаат русокоси е, исто така, еден од најраните филмови во кои Вилијам Травила ја облекува Монро. Травила ќе ја облекува Монро во осум од нејзините филмови, вклучуваќи ги Автобуска станица, Нема потреба да тропаш, Како да се омажиш за милионер, Реката на неповратот, Не постои бизнис како шоу бизнисот, Мајмунска работа и Седум години верност.[37]

Како да се омажиш за милионер

[уреди | уреди извор]

Како да се омажиш за милионер е комедија за три модели со план да привлечат богати мажи. Филмот ја здружува Монро со Бети Грејнл и Лорен Бекол и е режиран од Жан Негулеско.[38] Продуцентот и сценарист Нанели Џонсон изјави дека ова е прв филм во кој публиката „ја сакаше Монро каква што е за самата неа и дека и самата таа ја дијагностицираше причината многу точно. Таа рече дека ова е единствениот филм во којшто била, а во кој имала мерка на скромност... за сопствената привлечност“.

Филмовите на Монро од овој период ја утврдуваат нејзината персона на „глупава русокоса“, а ова, пак, придонесува кон нејзината популарност. Во 1953-та и 1954-та, таа е ставена на списокот на годишниот Quigley Poll of the Top Ten Money Making Stars, составен од гласовите на филмските прикажувачи низ Соединетите Американски Држави според тоа која ѕвезда создала најмногу приходи во нивните театри во текот на претходната година.[39]

Глумечки амбиции

[уреди | уреди извор]
Мерилин Монро и Џејн Расел ставаат потписи и отпечатоци од раце и нозе во цементот на Граумановиот Кинески театар на 26 јуни 1953

Во овој период, Монро зборува за своите натамошни глумечки амбиции, велејќи за New York Times: „Сакам да пораснам и да се развијам за да играм и сериозни драматични улоги. Мојот учител по драма Наташа Литис им раскажува на сите дека имам голема душа, но засега никој не е заинтересиран за тоа".[40] Tаа гледа можност во претстојниот филм на 20th Century Fox, Египќанецот, но е одбиена од страна на Дерил Ф. Занук кој одбива дури и да ја тестира.

Наместо тоа, таа е добива улогата во вестернот Реката на неповратот, наспроти Роберт Мичам. Режисерот Ото Премингер ја презира зависноста на Монро на Наташа Литис, која не само што ја подучува Монро, туку и го дава своето мислење по завршетокот на секоја сцена. По некое време, Монро одбива да зборува со Преминџер, така што Мичам мора да посредува.[41] По однос на завршениот филм, таа коментира: „Мислам дека заслужувам подобар договор од Ш–ниво на каубојски филм во кој глумата е помалку важна од сценографијата и CinemaScope процесот на снимање".[42] При крајот на 1953-тата година, Монро беше требаше да почне со снимање на Девојката во розови хулахопки со Френк Синатра. Кога таа не се појавува за работа, 20th Century Fox ја суспенираат.[43]

Мерилин Монро позира со војници во Кореја на 17 февруари 1954.

Таа и Џо Димаџо се венчаат во Сан Франциско на 14 јануари 1954 година. Наскоро потоа заминуваат во Јапонија, комбинирајќи го својот меден месец со службено патување претходно организирано од Димаџо. Две недели таа игра споредна улога покрај Димаџо додека овој го спроведува својот бизнис, самата кажувајќи му на еден новинар: „Бракот е мојата главна кариера од сега па натаму". Монро потоа патува сама до Кореја, каде настапува за 13.000 американски маринци во период од три дена. Подоцна изјавува дека искуството ѝ помогнало да го надмине стравот за настапување пред големи толпи. Едвард Х. Коминс (1932-2011) од Лас Вегас, Невада – добитник на бронзен медал во Корејската војна, ќе изјави дека готвел за Монро за време на еден од нејзините ангажмани во странство.[44]

По враќањето во Холивуд во март 1954-тата година, Монро ги разрешува несогласувањата со 20th Century Fox и се појавува во мјузиклот Не постои бизнис како шоу бизнис. Филмот не успеа да ги поврати своите продукциски трошоци[42] и е лошо примен од критичарите. Ед Саливан ја опишува изведбата на Монро на песната „Toплински бран“ како „еден од најскандалозните навреди на добриот вкус" кој тој можел да ги посведочи.[45] Списанието Тајм неблагопријатно ја споредува со коsвездата Етел Мерман, додека Босли Кроутер за Њујорк Тајмс вели дека Мици Гејнор ја надминала дури и "срамната за гледање" изведба на Монро. Рецензиите, всушност, ги повторуваат размислите и на самата Монро за филмот. Го снимила без волја, само поради тоа што истиот би ѝ ја овозможил главната улога во филмската адаптација на Бродвеј хитот Седум години верност.

Седум години верност

[уреди | уреди извор]
во Седум години верност (1955)

Во септември 1954 година, Монро снима една од клучните сцени за Седум години верност во Њујорк Сити. Во истата, таа стои покрај Том Евел, а воздухот од решетката на подземната железница ѝ го дува здолништето нагоре. Огромна толпа следи како режисерот Били Вајлдер наредува многупати да се пресними сцената. Во толпата е и Џо Димаџо, за кого се забележува дека бил разбеснет од спектаклот. По кавгата, посведочена од страна на новинарот Волтер Винчел, двојката се враќа во Калифорнија, каде ги избегнуваат новинарите околу две недели, додека Монро не објави дека се разделиле. Нивниот развод е одобрен во ноември 1954 година. Филмот е завршен во почетокот на 1955-та и откако ги одбива оние улоги кои таа ги смета за инфериорни во Девојката во црвен сомотен фустан и Како да се биде многу, многу популарен, по совет на Милтон Грин, Монро одлучува да го напушти Холивуд. Улогата на Карл Флег во Како да се биде многу, многу популарен ја добива Шири Норт, and онаа во Девојката во црвен сомотен фустанЏоан Колинс.

Натамошна еволуција на глумечката кариера

[уреди | уреди извор]

Милтон Грин првпат ја сретнува Монро во 1953-тата година кога е назначен да ја фотографира за списанието Look. Додека многу фотографи се обидуваат да го истакнат нејзиниот секси-имиџ, Грин ја претставува во многу поскромни пози и Монро е задоволна со неговата работа. Бидејќи со време се развива пријателство меѓу нив, таа му ја доверува својата фрустрација по однос на договорот и улогите што ѝ се понудени од 20th Century Fox. Нејзината плата за Мажите повеќе сакаат русокоси изнесува 18.000 долари, додека на слободната агентка Џејн Расел ѝ се платени повеќе од 100.000 долари. Грин се согласува дека таа би можела да заработи повеќе доколку го напушти 20th Century Fox. Тој се откажува од својата работа во 1954 година, го даде својот дом под хипотека за да ја финансира Монро и ѝ дозволи да живее со неговата фамилија додека да го определат идниот тек на нејзината кариера.[46]

На 8 април 1955 година, новинарот ветеран Едвард Р. Мароу ги интервјуираше Грин и неговата сопруга Ејми, како и Монро, во домот на Грин во Конектикат во жив пренос на CBS програма Лице в лице. Снимката од преносот е пуштена на аматерско видео.[47]

Глумечкото студио

[уреди | уреди извор]

Труман Капоти ја запознава Монро со Констанц Колиер, која ѝ дава часови по глума. Таа смета дека на Монро не ѝ одговара сценската глума, но дека поседува „прекрасен талент" кој е „толку кревок и суптилен, што може да се фати само со камера“. По само неколку недели одржани часови, Колиер починува. На снимањето на Не постои бизнис како шоу бизнис, Монро се запознава со Пола Стразберг и нејзината ќерка Сузен, а уште претходно има изјавено дека би сакала да учи со Ли Стразберг во Глумечкото студио. Во март 1955-тата година, Монро се запознава со Шерил Крафорд, една од основачите на Глумечкото студио, и ја убедува да ја претстави неа пред Ли Стразберг, кој ја интервјуира Монро наредниот ден, за потоа да се согласи да ја прифати како студент.[48]

Во мај 1955-тата година, Монро почна да излегува со драматургот Артур Милер; тие се запознаваат во Холивуд во 1950, па кога Милер дознава дека таа е во Њујорк, договара еден нивни заеднички пријател повторно да ги запознае. На 1 јуни 1955-тата, на нејзиниот роденден, Џо Димаџо ја придружува Монро на премиерата на Седум години верност во Њујорк. Тој подоцна ѝ приредува и роденденска забава, но вечерта завршува со јавна расправија, па Монро ја напушта забавата без него. Следи подолг период на оттуѓување.[49][50]

Во текот на 1955 година, Монро учи на Глумечкото студио и открива дека една од нејзините најголеми пречки е нејзината огромна трема на сцената. Се спријателува со глумците Кевин Меккарти и Ели Валак, кои се сеќаваат на неа како посветена и искрена во нејзиниот пристап кон учењето и истакнуваат дека таа се обидувала да не привлече внимание со тоа што седела најназад во училницата. Кога Стразберг ќе почувствува дека Монро е спремна да настапи пред нејзините соученици, Монро и Морин Стејплтон ја избираат почетната сцена од Ана Кристи на Јуџин О’Нил, и иако таа греши за време на секоја проба, сепак е способна да ја заврши изведбата без да ги заборави своите реплики. Ким Стенли подоцна ќе се присети дека иако студентите биле советувани да не ракоплескаат, по изведбата на Монро ќе следи спонтан аплауз од публиката. Додека Монро е студент, Ли Стразберг ќе рече: „Имам работено со стотици глумци и глумици, но само двајца кои се издвојуваат повеќе од сите други. Број еден е Марлон Брандо, а број два – Мерилин Монро".

Враќањето во 20th Century Fox

[уреди | уреди извор]

По проекцијата, Седум години верност станува успех, заработувајќи околу 8 милиони долари. Монро добива позитивни критики за нејзината глума и е во добра позиција да преговара со 20th Century Fox. На новогодишната вечер во 1955 година, тие потпишуваат нов договор кој бара од Монро да сними четири филма во период од седум години. На новоформираната Продукција на Мерилин Монро би ѝ биле платени 100.000 долари и плус дел од профитот за секој филм. Покрај тоа што е во мозжност да работи за други студија, Монро има право и да отфрли какво и да се сценарија, режисери или кинематографери кои таа не ги одобрува.[51][52]

Автобуска станица

[уреди | уреди извор]

Првиот филм што требаше да се сними врз основа на новиот договорот и под капа на новата продукциска компанија е Автобуска станица во режија на Џошуа Логан. Логан е ученик на Константин Станиславски, ја одобрува методската глума и ја поддржува Монро. Монро го прекинува контактот со нејзиниот учител по драма, Наташа Литис, заменувајќи ја со Пола Стразберг која постојано присуствуваше за време на снимањето на следните филмови на Монро.[53]

Драматичната изведба на Монро како Шери во Автобуска станица (1956)

Во Автобуска станица, Монро ја игра Шери, салон-пејачка со малку талент која се заљубува во каубој, Борегард „Бо“ Декер, кого го игра Дон Мареј. Нејзините костими, шминка и фризура отсликуваа еден лик со недостаток на софистицираност, па Мерилин Монро намерно придонесе со своето медиокритетско пеење и танцување. Босли Краутер од Њујорк Тајмс објавува: „Фатете ги столчињата, другари, и спремете се за прекрасно изненадување. Мерилин Монро конечно се докажа себеси како глумица“. Во својата автобиографија, Филмски ѕвезди, реални луѓе и јас (Movie Stars, Real People and Me), режисерот Логан напиша: „Открив дека Мерилин е еден од најголемите таленти на сите времиња... ме изненади со тоа што беше многу попаметна личност отколку што си мислев некогаш, и мислам дека тогаш првпат научив дка интелигенцијата и, да, дури и брилијатноста немаат никаква врска со образованието“. Логан пропагираше за номинација на Монро за оскар и даваше комплименти за нејзиниот професионализам до крајот на својот живот. Иако не беше номинирана за Оскар,[54] Монро добива номинација за Златен глобус.

Во овој период, се развива натамошно односот помеѓу Монро и Милер и иако двојката успеа да ја задржи својата приватност скоро една година, печатот почна да пишува за нив како за двојка, често ословувајќи ги со „Јајцеглавиот и Песочниот часовник“ (The Egghead and the Hourglass).[55][56] Извештаите за нивната афера набрзо паѓаат во сенка откако се открива дека Милер бил повикан да сведочи пред Комисијата за истражување на антимарикански активности (House Un-American Activities Committee) за да ги објасни неговите наводни комунистички склоности. Повикан да идентификува неколку комунисти со кои се познавал, Милер одбива и е обвинет за непочитување на Конгресот. По жалбата – ослободен е. Во текот на истрагата, од страна на филмските режисери, Монро е наговарана да го напушти Милер наместо да ја ризикува својата кариера, но таа одбива, нарекувајќи ги подоцна „родени кукавици“. Печатот почнува да зборува за можен брак, но Монро и Милер одбиваат да ја потврдат гласината. Во јуни 1956 година, еден новинар ги следи со автомобил и, додека тие се обидуваат да го избегнат, тој излетува од патот, убивајќи еден женски патник. Монро станува хистерична откако ја дознава веста, па нивната свршувачка е објавена, делумно со надеж дека тоа ќе го намали прекумерниот интерес на медиумите на кој се подложени. Се венчаат на 29 јуни 1956 година.

Принцот и танчерката

[уреди | уреди извор]

Автобуска станица е проследен со Принцот и танчерката во режија на Лоренс Оливие, кој исто така глуми во филмот. Пред снимањето, Оливие ја пофалива Монро како „генијална комичарка, што за мене исто така значи дека е и исклучително вешта глумица... За време на снимањето во Англија, тој се згрозува од зависноста на Монро од нејзиниот учител по драма, Пола Стразберг, сметајќи ја Стразберг за измамничка чиј единствен талент е способноста да „ѝ се потпикува на Мерилин". Тој се потсетува на своите обиди да ѝ објасни сцена на Монро, по што Стразберг се вмешува со следниве зборови: „Душо – само мисли на Кока-Кола и Френк Синатра."

И покрај несогласувањата меѓу Монро и Оливие, Оливие подоцна ќе изјави дека во филмот „Мерилин е навистина одлична, најдобра од сите“.[57] Изведбата на Монро е поздравена и од критичарите, особено во Европа каде таа освојува и Дејвид Ди Донатело, италијански еквивалент на Оскарите, како и Француска кристална ѕвезда. Номинирана е и за БАФТА.

Подоцнежни филмови

[уреди | уреди извор]

Ќе помине повеќе од година пред Монро да го започне својот нареден филм. За време на овој хијатус, летува со Милер во Амагансет, Њујорк. На 1 август 1957 година, претрпува спонтан абортус.[58][59]

Некои го сакаат тоа жешко

[уреди | уреди извор]
Во Некои го сакаат тоа жешко (1959)

По совет на Милер, Монро се враќа во Холивуд во август 1958-та за да глуми во Некои го сакаат тоа жешко. Филмот е режиран од Били Вајлдер, а покрај Монро, во него играат и Џек Лемон и Тони Кертис. Вајлдер веќе ги имаше искусено и доцнењето на Монро и тремата и неспособноста да го запамти текстот за време на снимањето на Седум години верност. Сепак, нејзиното однесување сега беше уште понеучтиво, а е обележано со одбивања да се учествува во снимањето и повремени испади на вулгарност. Монро постојано одбива да прими упатства од Вајлдер, или пак инсистира на многубројни преснимувања на едноставни сцени сè додека самата таа не е задоволна. Развива близок однос со Лемон, но не ѝ се допаѓа Кертис откако дознава дека тој нивните љубовни сцени ги опишал „како да го бакнуваш Хитлер“.[60] Кертис подоцна ќе изјави дека коментарот требало да биде сфатен како шега.[61] Монро доживува уште еден спонтан абортус во декември 1958 година, откако снимањето е завршено.

Некои го сакаат тоа жешко наидува на огромен успех и е номиниран за шест „Оскари“. Монро е пофалена за нејзината изведба и ја освојува наградата Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Вајлдер ќе рече дека филмот е најуспешниот со кој тој некогаш бил на каков и да е начин поврзан. Зборува и за проблемите што се наметнуваа во текот на снимањето, велејќи: „Мерилин беше толку тешка за соработка, бидејќи беше тотално непредвидлива. Никогаш не знаев каков ден ќе имаме... дали ќе соработува или ќе пречи?“ Вајлдер ќе има малку трпение со нејзината методска глума и ќе рече дека наместо да оди во Глумечкото студио „требала да оди во Железничко... да научи нешто за пристигнувањето на време“.[62] Вајлдер се разболува за време на снимањето и појаснува: „Бевме на сред-лет – а имаше лудачка во авионот“.[63] Во ретроспектива, тој ќе ја зборува и за „некаква необјаснива магија" што ја поседувала Монро и за нејзиниот „апсолутен гениј како комична глумица“.

Ајде да водиме љубов и Неприлагодени

[уреди | уреди извор]

До овој период, Монро има завршено само еден од четирите филма кои ѝ се дел од договорот со 20th Century FoxАвтобуска станица. Таа се согласува да се појави во Ајде да водиме љубов, кој треба да биде во режија на Џорџ Кукор, но не беше задоволна со сценариото, па Артур Милер го препишува. Грегори Пек првично ќе ја добие главната машка улога, но ја одбива истата по преписот на Милер; Кери Грант, Чарлтон Хестон, Јул Бринер и Рок Хадсон исто така ќе ја одбијат улогата пред истата да биде понудена на Ив Монтан.[64] Монро и Милер се спријателуваат со Монтан и неговата сопруга, глумицата Симон Сињоре, а снимањето напредува добро, сè додека Милер не тргнува на пат по работа во Европа. Монро почнува да ги напушта сетовите порано и во неколку наврати не се ни појавува, но нејзиното однесување се подобрува откако Монтан се соочува со неа. Сињоре се враќа во Европа за да снима филм, а Монро и Монтан почнуваат една кратка љубовна врска која завршува откако Монтан одбива да ја напушти Сињоре.[65] Филмот не е ниту критички, ниту комерцијален успех.[66]

Во овој период, здравјето на Монро се влошува и таа почнува да посетува психијатар во Лос Анџелес, д-р Ралф Гринсон. Тој подоцна се потсетува дека за време на посетите таа често се жалела од несоница и му кажала дека посетила неколку доктори за да го добие она што Гринсон го смета за прекумерна различност на лекови. Тој заклучува дека таа се движи до точка на зависност, но исто така истакнува и дека би можела да се откаже од лековите на подолги периоди без да пострада од какви и да се регресивни симптоми. Според Гринсон, бракот меѓу Милер и Монро е напрегнат; тој ќе рече и дека Милер се појавил со намера искрено да се грижи за Монро и бил подготвен да ѝ помогне, но дека Монро одбивала, едновремено изразувајќи и незадоволство кон него бидејќи не се трудел повеќе од тоа што требало за да ѝ помогне.[67] Гринсон изјавува дека тогашната негова цел е да изврши драстично намалување на лековите што ги примала Монро.

Монро во својот последен комплетиран филм Неприлагодени (1961)

Во 1956 година, Артур Милер имал за кратко живеено во Невада, каде беше напишал еден расказ за некои од месните жители со коишто се запознал – разведена жена и неколку остарени каубои. До 1960 година, тој го развива расказот во сценарио со визија дека истиот содржи и погодна улога за Монро. Ќе биде ова нејзиниот последен комплетиран филм, Неприлагодени, во режија на Џон Хјустон, а со Кларк Гејбл, Монтгомери Клифт, Илај Валах и Телма Ритер во главните улоги. Снимањето започнува во јули во 1960 година, при што најголем дел од него се случува во жешката северна пустина на Невада.[68] Монро често е болна и не е во состојба да глуми, и, оддалечена од влијанието на д-р Гринсон, продолжува со своето консумирање на лекови за спиење и алкохол. Посетител на сетот, Сузан Стразберг подоцна ја опишува Монро како „на некој начин смртно повредена“ и во август Монро е упатена кон Лос Анџелес, каде е хоспитализирана на десет дена. Весниците објавуваат дека била близу смртта, иако причината за нејзината болест не е откриена.

Лоуела Парсонс ќе напише во својата колумна дека Монро е „многу болна девојка, многу поболна отколку што првично се верувало“ и открива дека била лекувана од страна на психијатар. Монро се враќа во Невада и го завршува филмот, но станува непријателски настроена кон Артур Милер, а печатот соопштува и јавни расправии. Снимањето на филмот се покажува како напорно искуство за глумците; покрај растревоженоста на Монро, и Монтгомери Клифт често не може да глуми поради болест, а до последниот ден од снимањето, Телма Ритер стигнува во болница страдајќи од исцрпеност. Гејбл, велејќи дека не се чувствува добро, го напушта снимањето без да присуствува на завршната забава.[69] Монро и Милер се враќаат во Њујорк со посебни летови.[70]

По десет дена, Монро ја објавува разделбата од Милер, а Гејбл починува од срцев удар.[71] Вдовицата на Гејбл, Кеј, ќе ѝ рече на Лоуела Парсонс дека „вечното чекање“ на сетот на Неприлагодени е она што ја причинило смртта на Кларк, макар што не го наведува името на Монро. Запрашана од известувачите за тоа дали се чувствува виновна за смртта на Гејбл, Монро одива да одговори,[72] но новинарот Сидни Сколски се сеќава дека приватно таа изразила жалење за нејзиниот лош однос кон Гејбл во текот на снимањето и ја опишува Монро дека наликувала на „мрачна бездна на очај“. Монро подоцна ќе присуствува на крштевањето на синот на Гејбл, на покана од Кеј Гејбл. Неприлагодени ќе биде пречекан со просечни рецензии и не е комерцијален успех, макар што одредени критичари ќе ги пофалат изведбите на Монро и Гејбл. Хјустон подоцна ќе рече дека Монроовата изведба и не била баш глума во вистинската смисла на зборот, зашто таа се повикувала на сопствените искуства за да се покаже себеси, а не својот лик. „Немаше тука техника. Сè беше вистина. Тоа беше Мерилин.“

Во текот на наредните месеци, Монроовата зависност од алкохол и препишани лекови почнува да се одразува врз нејзинот здравје, а пријателите како Сузан Стразберг подоцна ќе зборуваат за нејзината болест. Разводот од Артур Милер е финализиран во јануари 1961 година – при што Монро како причина ќе ја наведе „нескладноста на карактерите“ – а во февруари, по своја волја, таа се пријавува во Психијатриската клиника на Пејн Витни. Монро подоцна ќе го опише искуството како „кошмар“. Ќе најде начин да му се јави на Џо Димаџо од клиниката, а тој веднаш ќе допатува од Флорида до Њујорк за да ѝ овозможи пренос до Колумбискиот презветаријански медицински центар. Таму ќе остане три недели. Болеста ќе ја спречи да работи во текот на остатокот од годината; оди на операција за да поправи блокада на јајцеводите во мај, а следниот месец на операција на жолчната ќеса.[73] Заздравува во Калифорнија во изнајмен стан.

Смртта и последиците

[уреди | уреди извор]
Гробницата на Мерилин Монро (2005)

На 5 август 1962 година, полицискиот наредник на полицијата на Лос Анџелес – Џек Клемонс – во 4:25h, прима повик од д-р Ралф Гринсон, психијатарот на Монро, кој му кажува дека Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд во Лос Анџелес, Калифорнија.[74] Монро имаше 36 години. На подоцнежната обдукција, во нејзиниот систем се пронајдени осуммилиграмски процент од хлорал хидрат и 4.5 милиграмски процент од Нембутал, а д-р Томас Ногучи од Иследничката канцеларија на Лос Анџелес ќе ја прибележи причината за смртта како „акутно труење со барбитурати“ како резултат на „веројатно самоубиство“.[75] Многу теории, вклучувајќи и убиство, кружеа по однос на околностите на нејзината смрт и временските околности по наоѓањето на нејзиното тело. Некои теории на заговор ги влучуваа и Џон и Роберт Кенеди, додека други сугерираа соучество на ЦИА или мафијата. Се вели дека последната личност која Монро ја побарала бил Претседателот.[76][77]

На 8 август 1962 година Мерилин Монро е погребана во гробница во Алејата на Спомените со број 24, во Меморијалната гробница во Вествуд, Лос Анџелес. Еулогијата беше прочитни, доколку таа умреше пред него. Монро го носеше нејзиниот омилен зелен фустан од Емилио Пуана од Ли Стразберг. Празното место од левата страна на Монро беше купено и резервирано од страна на Хју Хефнер во 1992 година.[78] Димаџо ги организираше погребалните подготовки на погребот кој се состоеше само од триесет и една личност од блиската фамилија и пријателите. Полицијата исто така беше присутна за да ги држи настрана новинарите.[79] Нејзиниот ковчег беше направен од тврда бронза, порабен со свила со боја на шампањ. Алан „Вајти” Снајдер ја нашминка, што наводно беше ветување направено во претходните години. Во нејзините раце имаше мал букет од розови ружи. Во секоја од наредните 20 години, црвени ружи беа ставани во вазна прикачена на гробницата – годишен ритуал на Џо Димаџо.[79]

Во август 2009 година, гробницата сместена веднаш над онаа на Монро е ставена на аукција[80] на иБеј. Елси Пончер планира да го откопа телото на својот починат маж и да го погреба во некој од соседните. Таа ја рекламира гробницата со надеж дека, продавајќи ја, „ќе заработи доволно пари за да ја отплати хипотеката од 1.6 милиони долари на нејзината резиденција на Беверли Хилс.[78] Победничката понуда е направена од страна на анонимен Јапонец во износ од 4.6 милиони долари,[81] но самиот тој подоцна се откажува „заради проблемот со плаќањето“. Основачот на списанието Плејбој, Хју Хефнер, кој никогаш не ја запозна Монро, ја купи гробницата веднаш до нејзината во Меморијалната гробница во Вествуд. Тој потврди дека првичниот успех на списанието е директно поврзан со Монро.

Распределба на имот

[уреди | уреди извор]
Монроовиот дом во Брентвуд, Лос Анџелес (1992)

Во својот тестамент, Монро му ги припишува на Ли Стразберг личните предмети, кои изнесуваат нешто повеќе од половината од нејзиниот преостанат имот, изразувајќи желба дека Ли „ќе ги распредели предметите меѓу моите пријатели, колеги и сите оние на кои сум им посветена“.[82] Наместо тоа, Стразберг ги складира во магазин и ѝ ги припишува на својата вдовица Ана. Г-ѓа Стразберг успешно тужеше една Аукција на Одисеја во Лос Анџелес во 1994 година во обид да ја спречи продажбата на предмети доверени на внукот на Монроовиот бизнис менаџер, Инез Мелсон. Во октомври 1999 година, главнината од Монроовите лични предмети ќе биде на аукција на Кристи – вклучувајќи ги и оние добиени од внукот на Мелсон – во вредност од $13,405,785.

Г-ѓа Стразберг потоа ќе ги тужи децата на четири фотографи за да ги одреди правата на публицитет, кои забрануваат лиценцирање на фотографии на починати личности за комрецијални цели. Одлуката дали Монро е жител на Калифорнија – каде ќе умре и каде нејзиниот тестамент ќе биде потврден, или Њујорк – кој таа го смета за нејзино примарно престојувалиште – вредеше милиони.[83]

На 4 мај 2007 година, њујоршки судија одлучува дека авторските права на Монро врз нејзините фотографии завршиле со нејзината смрт.[84][85][86] Во октомври 2007, гувернерот Арнолд Шварценегер го потпишува Указот на Сенатот со број 771.[87] Легислативата е поддржана од Ана Стразберг и Здружението на филмските глумци на САД[88], и констатира дека оние кои не се членови на семејството би можеле да ги наследат правата на публицитет преку клаузула во тестаментот на починатата личност, ако во времето на смртта истата била жител на Калифорнија.[89]

Во март 2008 година, Окружниот суд на Лос Анџелес во САД пресуди дека Монро била жител на Њујорк во времето на нејзината смрт, повикувајќи се на изјавата на извршителот на нејзиниот тестамент до калифорниските даночни власти, како и на една писмена изјава дадена под заклетва на нејзиниот настојник од 1966 година.[90] Одлуката беше потврдена од Окружниот суд на Њујорк во септември 2008 година.[91] Во 2010-тата, домот на Монро во Брентвуд е ставен на продажба од страна на Prudential California Realty.[92]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Режисер Белешки
1947 Скандалозната госпоѓица Пилгрим Оператор на Телефон Џорџ Ситон Незабележана
1947 Опасните години Еви Артур Пирсон
1948 Зелената трева на Вајоминг Статист во сцена со танцување Луис Кинг Незабележана
1948 Беше суден за мене Статист: Девојка што чека Лојд Бејкон Незабележана
1948 Скуда Ху! Скуда Хеј! Бети Хју Херберт Незабележана
1948 Дамите од хорот Пеги мартин Фил Карлсон
1949 Среќни во Љубовта Клиент на Грунион Дејвид Милер
1950 Билет до Томахавк Клара Ричард Сејл Незабележана
1950 Свртување надесно Даски Ледо Џон Стурџис Незабележана
1950 Приказна од родниот град Ајрис Мартин Артур Пирсон
1950 Огнена топка Поли Теј Гарнет
1950 Џунгла на асфалтот Анџела Финли Џон Хјустон
1950 Сè за Ева Г-ѓа Клодија Касвел Џозеф Л. Манкјевич
1951 Млад колку што и се чувствуваш Хериет Хармен Џоунс
1951 Љубовно гнездо Роберта "Боби" Стивенс Џозеф М. Њуман
1951 Ајде нека биде легално Џојс Менеринг Ричард Сејл
1952 Преполната куќа на О’Хенри Уличен минувач Хенри Костер
1952 Мајмунска работа Лоис Лорел Хауард Хокс
1952 Ноќен состанок Пеги Фриц Ланг
1952 Не сме земени! Анабел Норис Едмунд Гоулдинг
1952 Нема потреба да тропаш Нел Форбс Рој Ворд Бејкер Прва главна улога
1953 Нијагара Роуз Ломис Хенри Хетавеј
1953 Мажите повеќе сакаат русокоси Лорелај Ли Хауард Хокс Номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица во комедија или мјузикл
1953 Како да се омажиш за милионер Пола Дебевојс Жан Негулеско
1954 Реката на неповратот Кеј Вестон Ото Премингер
1954 Не постои бизнис како шоу бизнис Вики Волтер Ланг
1955 Седум години верност Девојката Били Вајлдер
1956 Автобуска станица Шери Џошуа Логан
1957 Принцот и танчерката Елси Марина Лоренс Оливие
1959 Некои го сакаат тоа жешко „Шеќерче“ Кејн Ковалчук Били Вајлдер
1960 Ајде да водиме љубов Аманда Дел Џорџ Кукор
1961 Неприлагодени Рослин Тејбер Џон Хјустон
1962 Нешто мора да се даде Елен Вагстаф Арден Џорџ Кукор Незавршен
Година Наслов на филм Наслов на песна
1948 Дамите од хорот Every Baby Needs a Da-Da-Daddy
Anyone Can See I Love You
Ladies Of The Chorus
1950 Билет за Томахавк Oh, What a Forward Young Man You Are
1953 Нијагара Kiss
1953 Мажите повеќе сакаат русокоси Two Little Girls from Little Rock
When Love Goes Wrong
Bye Bye Baby
Diamonds Are a Girl's Best Friend
Four French Dances – Sur le balcon, La Tentateur, Sol taire, Parle d'affair
Down Boy
When The Wild Wild Women Go Swimmin' Down In the Bimini Bay'
1953 Снимки за РКА She Acts Like A Woman Should
You'd Be Surprised
A Fine Romance
Do It Again
1954 Реката на неповратот I'm Gonna File My Claim
One Silver Dollar
Down In The Meadow
River Of No Return
1954 Не постои бизнис како шоу бизнис Heat Wave
Lazy
After You Get What You Want
A Man Chases a Girl
1956 Автобуска станица That Old Black Magic
1957 Принцот и танчерката I Found a Dream
1959 Некои го сакаат тоа жешко Runnin' Wild
I Wanna Be Loved By You
I'm Through With Love
Some Like It Hot
1960 Ајде да водиме љубов My Heart Belongs to Daddy
Specialization
Let's Make Love
Incurably Romantic
1962 Happy Birthday, Mr. President

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]
  • 1951 Награда Хенриета: Најмлада личност на бокс офисот
  • 1952 Награда Photoplay: Најбрз подем во 1952
  • 1952 Награда Photoplay: Специјална награда
  • 1952 Списание Look: Најветувачка дебитантка во 1952
  • 1953 Награда Хенриета на Златен глобус: Најобожавана филмска глумица во светот.
  • 1953 Плејбој девојка на месецот (Playboy)
  • 1953 Награда Photoplay: Најпопуларна женска ѕвезда
  • 1954 Награда Photoplay за најдобра глумица: за Мажите повеќе сакаат русокоси и Како да се омажиш за милионер
  • 1956 БАФТА номинација: Најдобра странска глумица за Седум години верност
  • 1956 Златен глобус номинација: Златен Глобус за најдобра глумица во комедија или мјузикл за Автобуска станица
  • 1958 БАФТА номинација: Најдобра странска глумица за Принцот и танчерката
  • 1958 Давид ди Донатело награда (италијанска): Најдобра странска глумица за Принцот и танчерката
  • 1959 Кристална ѕвезда (француска): Најдобра странска глумица за Принцот и танчерката
  • 1960 Златен глобус за најдобра глумица во комедија или мјузикл за Некои го сакаат тоа жешко
  • 1962 Златен глобус, Омилена женска глумица
  • Ѕвезда на Холивудската патека на славните (6104 Hollywood Blvd.)
  • 1999 Американскиот филмски институт ја прогласува Мерилин Монро за шеста најголема филмска ѕвезда во историјата

Мерилин Монро како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Откако добила дозвола од Градскиот суд и Државата Њујорк, Норма Џин Мортенсон го променила своето име во Мерилин Монро на 23 февруари 1956 година.
  2. Tricia Strayer. „Marilyn Monroe's Official Web site, Fast Facts“. Marilynmonroe.com. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2010-03-02.
  3. „Marilyn Monroe Biography“. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 2011-06-02.
  4. Некролог на Variety, 8 август 1962, страница 63.
  5. Hall, Susan G. (2006). American Icons: An Encyclopedia of the People, Places, and Things that Have Shaped Our Culture. Greenwood Publishing Group. стр. 468. ISBN 9780275984298.
  6. Rollyson, Carl (2005). Female Icons: Marilyn Monroe to Susan Sontag. iUniverse. стр. 2. ISBN 9780595357260.
  7. Churchwell, Sarah (2005). The Many Lives of Marilyn Monroe. Metropolitan Books. ISBN 9780805078183.
  8. „Мoнро посмртно стана заштитно лице за Шанел 5“, Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 21.
  9. Churchwell, pp. 150–51.
  10. Riese and Hitchens, p. 33.
  11. Churchwell, p. 151.
  12. 12,0 12,1 12,2 Summers, p. 5.
  13. Churchwell, p. 150; цитирани се претходни биографи: Ентони Самерс (Anthony Summers), Доналд Спото (Donald Spoto) и Фред Гајлс (Fred Guiles).
  14. L.A.County Hall of Records Case No. D-53720, 05MAR1927.
  15. AP (February 13, 1981). „Mortensen's Death and documents“. New York Times. Посетено на 2010-03-02.
  16. Churchwell, p. 154.
  17. Taraborrelli JR (2009). The Secret Life of Marilyn Monroe. New York: Grand Central Publishing, pp. 35–56.
  18. „Milestones“. EMQ/Families First. Архивирано од изворникот на 2009-12-15. Посетено на 2009-09-28.
  19. Taraborrelli JR (2009). The Secret Life of Marilyn Monroe. New York: Grand Central Publishing, pp. 81–83.
  20. Daniel Schechter, Erica Willheim (2009). Evaluation of possible child sexual abuse and its sequelae in the case of an adult female patient. In JW Barnhill (Ed.) Approach to the Psychiatric Patient. American Psychiatric Association Press. pp. 328–332.
  21. „James Dougherty, 84; Was Married to Marilyn Monroe Before She Became a Star“. LA Times. Посетено на May 13, 2011.
  22. "Personal Letter from a 16-Year Old Marilyn Monroe Sells for $52,460 at Bonhams & Butterfields". artdaily.org. April 20, 2011. Retrieved May 7, 2011.
  23. "Let's make loaf: Marilyn Monroe's stuffing recipe reveals her hidden talent as a domestic goddess". Daily Mail. November 13, 2010. Retrieved May 13, 2011.
  24. Full cast and crew for The Shocking Miss Pilgrim, Internet Movie Database.
  25. beachcalifornia.com. „Castroville, California, Photos of the artichoke capital on the central coast“. Beachcalifornia.com. Посетено на 2010-03-02.
  26. Summers, p. 45.
  27. Riese and Hitchens, p. 228.
  28. Summers, p. 50.
  29. „Biography of Gregg Palmer. IMDB. Посетено на 2009-02-21.
  30. Summers, p. 67.
  31. Riese and Hitchens, p. 93.
  32. Churchwell, 233.
  33. Не сосема преводлива, едновремено можеби и песимистичка и помалку вулгарна, игра на зборови: „There's a broad with her future behind her“ (broad е навредливо и може да значи и проститутка, а behind едновремено и „зад“ и „задник“: како иднината на Мерилин да ѝ зависи од тоа колку ќе го покаже својот задник, но – и во својата помрачна варијанта – дека толку од нејзината филмска кариера).
  34. Summers, 71.
  35. Russell, p. 138.
  36. Churchwell, p. 63.
  37. 11:25 AM (January 13, 2009). „Palmspringslife.com“. Palmspringslife.com. Архивирано од изворникот на 2013-10-22. Посетено на 2010-03-02.
  38. Riese and Hitchens, p. 222.
  39. „The 2006 Motion Picture Almanac, Top Ten Money Making Stars“. Quigley Publishing Company. Посетено на 2008-08-25.
  40. Summers, pp. 85–86.
  41. Server, p. 249.
  42. 42,0 42,1 Churchwell, p. 65.
  43. Summers, p. 92.
  44. „Edward H. Comins“. Wyoming Tribune Eagle]], Cheyenne, Wyoming. Посетено на May 1, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)[мртва врска]
  45. Riese and Hitchens, p. 338.
  46. „Milton H Greene — Archives of The World Famous Photographer“. Посетено на 2008-08-05.
  47. „Milton H. Greene, Amy Greene, Marilyn Monroe on Edward R. Murrow's Person to Person — Video“. Miltons-marilyn-monroe.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-14. Посетено на 2010-03-02.
  48. Summers, p. 129.
  49. Summers, p. 142.
  50. Riese and Hitchens, p. 124.
  51. Summers, p. 146.
  52. Riese and Hitchens, p. 309.
  53. Summers, p. 151.
  54. Summers, p. 154.
  55. Одново не сосема преводлива игра на зборови: Egghead може да значи и интелектуалец и едновремено се однесува и на изгледот и на познавањата на Милер; Hourglass изгледа се однесува само на изгледаот на телото на Монро (како песочен часовник).
  56. Riese and Hitchens, p. 326
  57. Olivier, p. 213.
  58. Churchwell, p. 261.
  59. Moberly Monitor-Index, Moberly, MO, Friday, August 2, 1957, p. 6, cols 6–7, article: "Marilyn Monroe Loses Her Baby By Miscarriage."
  60. Riese and Hitchens, p. 111
  61. Wyatt, Petronella (April 18, 2008). „Tony Curtis on Marilyn Monroe: It was like kissing Hitler!“. London: Mail Online. Посетено на 2008-10-26.
  62. Riese and Hitchens, p. 2.
  63. Summers, p. 177.
  64. Summers, p. 183.
  65. Summers, p. 186.
  66. Riese and Hitchens, p. 270.
  67. Summers, p.189
  68. Rocha, Guy. „Myth #60 – Myths and "The Misfits". Архивирано од изворникот на 2013-08-18. Посетено на 2010-04-17Sierra Sage, Carson City/Carson Valley, Nevada, January 2001 edition
  69. Goode, p. 284.
  70. Summers, p. 195.
  71. Goode, pp. 284–285.
  72. Harris, p. 379.
  73. Summers, p. 202.
  74. Wolfe, Donald H. The Last Days of Marilyn Monroe. (1998) ISBN 0-7871-1807-9.
  75. Summers, pp. 319, 320.
  76. Reed, Jonathan M. & Squire, Larry R. The Journal of Neuroscience, May 15, 1998, 18(10):3943–3954.
  77. Laurence Leamer (2002). The Kennedy Men: 1901–1963. HarperCollins. ISBN 0060502886. Two years later Frank A. Capell, a right-wing journalist, published a book in which he alleged that Bobby was having an affair with the actress, ...
  78. 78,0 78,1 „Monroe 'burial plot' up for sale“. BBC. August 16, 2009. Посетено на 2009-08-17.
  79. 79,0 79,1 Wilkins, F. [1]."Reel Reviews". 17 април 2010, посетена на 27 февруари 2011.
  80. „eBay: Crypt Above Marilyn Monroe For Sale“. eBay. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2009-08-17.
  81. Dillon, Nancy (August 24, 2009). „Winning bid for tomb above Marilyn Monroe at $4.6 million“. New York: Nydailynews.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-09. Посетено на 2010-03-02.
  82. „The Will of Marilyn Monroe“. Court TV. Архивирано од изворникот на 2007-02-10. Посетено на 2008-08-25.
  83. Koppel, Nathan (April 10, 2006). „A battle erupts over the right to market Monroe“. Pittsburgh Post-Gazette. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 2008-08-25.
  84. „Judge rejects Monroe claim to photographer profits“. ABC News. May 5, 2007. Посетено на 2008-08-25.
  85. „Photographer's Heirs Prevail in Dispute over Marilyn Monroe Images, et al“. Thearchivesstore.com. Архивирано од изворникот на 23 март 2010. Посетено на 2010-03-02.
  86. Hoskins, Michael W. (March 19, 2008). „Indy firm loses Marilyn Monroe rights case“. cms.ibj.com. Архивирано од изворникот на 2008-03-29. Посетено на 2008-03-19.
  87. info.sen.ca.gov SB 771 Архивирано на 21 септември 2009 г.. Retrieved December 31, 2008.
  88. Screen Actors Guild on SB 771.
  89. Long-Dead Celebrities Can Now Breathe Easier New York Times 24 октомври 2007.
  90. Marilyn Monroe Estate Takes a Hit The Wall Street Journal Online April 1, 2008. Retrieved 2008-12-31.
  91. Indiana Company Loses Marilyn Monroe Lawsuit Архивирано на 9 август 2013 г. Inside Indiana Business September 4, 2008. Retrieved 2008-12-31.
  92. „Celebrity Real Estate – Marilyn Monroe Home (Photos) for Sale in Brentwood“. National Ledger. July 14, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-07-17. Посетено на July 15, 2010.
  93. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 76-77.
  94. Misfits – Legacy Of Brutality (пристапено на 1.4.2023)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Churchwell, Sarah (2004). The Many Lives of Marilyn Monroe. Metropolitan Books. ISBN 0-8050-7818-5.
  • Clayton, Marie (2004). Marilyn Monroe: Unseen Archives. Barnes & Noble Inc. ISBN 0-7607-4673-7.
  • Evans, Mike (2004). Marilyn: The Ultimate Book. MQ Publications. ASIN B000FL52LG.
  • Kouvaros, George. „"The Misfits": What Happened Around the Camera“. Film Quarterly. University of California Press. 55 (4): 28–33. doi:10.1525/fq.2002.55.4.28. JSTOR 1213933.
  • Gilmore, John (2007). Inside Marilyn Monroe, A Memoir. Ferine Books, Los Angeles. ISBN 0-97889680-7.
  • Goode, James (1986). The Making of "The Misfits". Limelight Editions, New York. ISBN 0-87910-065-6.
  • Guiles, Fred Lawrence (1993). Norma Jean: The Life of Marilyn Monroe. Paragon House Publishers. ISBN 1-55778-583-X.
  • Harris, Warren G. (2002). Clark Gable, A Biography. Aurum Press, London. ISBN 1-85410-904-9.
  • Jacke, Andreas: Marilyn Monroe und die Psychoanalyse. Psychosozial Verlag, Gießen 2005, ISBN 978-3-89806-398-2, ISBN 3-89806-398-4
  • Jewell, Richard B.; Harbin, Vernon (1982). The RKO Story. Octopus Books, London. ISBN 0-706-41285-0.
  • Meaker, M. J. Sudden Endings: 13 Profiles in Depth of Famous Suicides Doubleday & Company, Inc., Garden City, NY: 1964 p. 26-45: "Marilyn and Norma Jean: Marilyn Monroe"
  • Mecacci, Luciano (2009). Freudian Slips: The Casualties of Psychoanalysis from the Wolf Man to Marilyn Monroe. Vagabondd Voices, Sulaisiadar 'san Rudha (Scotland). ISBN 978-0-9560560-1-6.
  • Monroe, Marilyn; Hecht, Ben (2000). My Story. Cooper Square Press. ISBN 0-8154-1102-2. Архивирано од изворникот на 2011-03-16. Посетено на 2008-08-05.
  • Olivier, Laurence (1982). Confessions of an Actor. Simon and Schuster. ISBN 0-14-006888-0.
  • Riese, Randall; Hitchens, Neal (1988). The Unabridged Marilyn. Corgi Books, London. ISBN 0-552-99308-5.
  • Russell, Jane (1986). An Autobiography. Arrow Books, London. ISBN 0-09-949590-2.
  • Server, Lee (2001). Robert Mitchum, Baby I Don't Care. St. Martin's Press, New York. ISBN 0-571-20994-7.
  • Spoto, Donald (2001). Marilyn Monroe: The Biography. Cooper Square Press. ISBN 0-8154-1183-9.
  • Staggs, Sam (2000). All About "All About Eve". St. Martin's Griffin, New York. ISBN 0-312-27315-0.
  • Summers, Anthony (1985). Goddess, The Secret Lives of Marilyn Monroe. Guild Publishing, London. ISBN 0-575-03641-9.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  翻译: