Прејди на содржината

Меѓународна математичка олимпијада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Меѓународната математичка олимпијада.

Меѓународна математичка олимпијада — меѓународно првенство по математика за ученици на крајот од средното образование. Олимпијадата се одржува секоја година во различна земја.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првата меѓународна математичка олимпијада се одржала во 1959 година во Романија на која учествувале претставници од 7 источноевропски земји (Бугарија, Унгарија, Полска, Германска Демократска Република, Романија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Југославија). Оттогаш, тие се одржуваат секоја година, освен во 1980 година, поради внатрешни несогласувања.[1]

Денес, повеќе од 100 земји од пет континенти земаат учество. Секоја земја испраќа тим од најмногу 6 кандидати (со шеф и заменик на делегацијата, како и можни набљудувачи). Учениците мора да бидат помлади од 20 години и да немаат започнато високо образование, но нема ограничување на бројот на учесници. Настанот е индивидуален, но има (неофицијално) тимско рангирање (види подолу).

Формат на настанот и награди

[уреди | уреди извор]

Тестот се состои од решавање на задачи во два дена, во две сесии по 4 и пол часа, две серии од три задачи од рамнинска геометрија, аритметика, неравенки или комбинаторика. Нивното решавање бара повеќе расудување отколку софистицирано знаење: решенијата често се кратки и елегантни. На секое решение на проблем му се доделуваат вкупно 7 бода.

Секоја земја, освен земјата организатор, може да предложи проблеми до селекциониот комитет што го основа земјата организатор. Шефовите на делегациите пристигнуваат неколку дена пред учениците и потоа се собираат за да ги изберат 6-те проблеми. Бидејќи ги знаат проблемите пред тестовите, тие се одвоени од учениците до крајот на истите. Учениците пред тестовите ги придружуваат замениците шефови на делегации.

Ученичките трудови заеднички ги оценуваат шефовите на делегациите на таа земја и координаторите избрани од земјата организатор (или шефот на делегацијата кој го предложил проблемот за учениците од земјата организатор). Во случај на несогласување, сите шефови на делегации даваат конечно мислење.

Медалите и признанијата се доделуваат поединечно, според бодовите на учесниците, по следните критериуми:

  • 1/12 од учесниците добиваат златен медал;
  • 2/12 од учесниците добиваат сребрен медал;
  • 3/12 од учесниците добиваат бронзен медал;
  • секој ученик кој не добива никаков медал, но кој добива оценка 7/7 на проблем, добива почесно признание.

Може да се доделат посебни награди за исклучително елегантни решенија. Почести пред 1980 година, оттога се поретки: последните биле доделени во 1988, 1995 и 2005 година.

Процес на селекција

[уреди | уреди извор]

Процесот на избор на тим во голема мера се разликува од земја до земја. На пример во Соединетите Американски Држави, кандидатите поминуваат низ неколку фази на зголемена тежина : American Mathematics Competitions (AMC), American Invitational Mathematics Examination (AIME) и United States of America Mathematical Olympiad (USAMO).

Во Франција, здружението Animath, поточно Француската математичка олимпијада, организира тест на почетокот на учебната година за однапред да се изберат кандидати кои потоа следат подготовка во текот на целата година. Тимот се одредува преку неколку временски ограничени тестови.

Список на олимпијади

[уреди | уреди извор]
Година Град Држава 1. 2. 3. Македонија
Држава Бода Држава Бода Држава Бода Пласман Бода
1959 Брашов
Букурешт
Романија  Романија 249  Унгарија 233  Чехословачка 192
1960 Синаја Романија  Чехословачка 257  Унгарија
 Романија
248 -
1961 Веспрем Унгарија  Унгарија 270  Полска 203  Романија 197
1962 Ческе Будјејовице Чехословачка  Унгарија 289 СССР СССР 263  Романија 257
1963 Варшава
Краков
Полска СССР СССР 271  Унгарија 234  Романија 191
1964 Москва Советски Сојуз СССР СССР 269  Унгарија 253  Романија 213 - -
1965 Источен Берлин Источна Германија СССР СССР 281  Унгарија 244  Романија 222
1966 Софија Бугарија СССР СССР 293  Унгарија 281  Источна Германија 280
1967 Цетиње СФРЈ СССР СССР 275  Источна Германија 257  Унгарија 251
1968 Москва Советски Сојуз  Источна Германија 304 СССР СССР 298  Унгарија 291
1969 Букурешт Романија  Унгарија 247  Источна Германија 240 СССР СССР 231
1970 Кестхељ Унгарија  Унгарија 233  Источна Германија
СССР СССР
221
1971 Жилина Чехословачка  Унгарија 255 СССР СССР 205  Источна Германија 142
1972 Торуњ Полска СССР СССР 270  Унгарија 263  Источна Германија 239 -
1973 Москва Советски Сојуз СССР СССР 256  Унгарија 215  Источна Германија 189
1974 Ерфурт
Источен Берлин
Источна Германија СССР СССР 256  САД 243  Унгарија 237
1975 Бургас
Софија
Бугарија  Унгарија 258  Источна Германија 249  САД 247
1976 Лиенц Австрија СССР СССР 250  Обединето Кралство 214  САД 188
1977 Белград СФРЈ  САД 202 СССР СССР 192  Унгарија
 Обединето Кралство
190
1978 Букурешт Романија  Романија 237  САД 225  Обединето Кралство 201
1979 Лондон Обединето Кралство СССР СССР 267  Романија 240  Западна Германија 235
1980 - Монголија Откажана
1981 Вашингтон САД  САД 314  Западна Германија 312  Обединето Кралство 301
1982 Будимпешта Унгарија  Западна Германија 145 СССР СССР 137  Источна Германија
 САД
136
1983 Париз Франција  Западна Германија 212  САД 171  Унгарија 170
1984 Прага Чехословачка СССР СССР 235  Бугарија 203  Романија 199
1985 Јоутса Финска  Романија 201  САД 180  Унгарија 168
1986 Варшава Полска  САД
СССР СССР
203  Западна Германија 196
1987 Хавана Куба  Романија 250  Западна Германија 248 СССР СССР 235
1988 Канбера Австралија СССР СССР 217  Кина
Романија
201
1989 Брауншвајг Западна Германија  Кина 237  Романија 223 СССР СССР 217
1990 Пекинг Кина  Кина 230 СССР СССР 193  САД 174
1991 Сигтуна Шведска СССР СССР 241  Кина 231  Романија 225
1992 Москва Русија  Кина 240  САД 181  Романија 177
1993 Анкара Турција  Кина 215  Германија 189  Бугарија 178 48.
1994 Хонгконг Хонгконг  САД 252  Кина 229  Русија 224 50.
1995 Норт Јорк (Торонто) Канада  Кина 236  Романија 230  Русија 227 31.
1996 Мумбај Индија  Романија 187  САД 185  Унгарија 167 48.
1997 Мар дел Плата Аргентина  Кина 223  Унгарија 219  Иран 217 46.
1998 Тајпеј Тајван  Иран 211  Бугарија 195  Унгарија
 САД
186 40.
1999 Букурешт Романија  Кина
 Русија
182  Виетнам 177 36.
2000 Теџон Јужна Кореја  Кина 218  Русија 215  САД 184 43.
2001 Вашингтон САД  Кина 225  Русија
 САД
196 43.
2002 Глазгов Шкотска  Кина 212  Русија 204  САД 171 43.
2003 Токио Јапонија  Бугарија 227  Кина 211  САД 188 47.
2004 Атина Грција  Кина 220  САД 212  Русија 205 48.
2005 Мерида Мексико  Кина 235  САД 213  Русија 212 54.
2006 Љубљана Словенија  Кина 214  Русија 174  Јужна Кореја 170 62.
2007 Ханој Виетнам  Русија 184  Кина 181  Виетнам
 Јужна Кореја
168 55.
2008 Мадрид Шпанија  Кина 217  Русија 199  САД 190 59.
2009 Бремен Германија  Кина 221  Јапонија 212  Русија 203 36.
2010 Астана Казахстан  Кина 197  Русија 169  САД 168 58.
2011 Амстердам Холандија  Кина 189  САД 184  Сингапур 179 79.
2012 Мар дел Плата Аргентина  Јужна Кореја 209  Кина 195  САД 194 63.
2013 Санта Марта Колумбија  Кина 208  Јужна Кореја 204  САД 190 74..
2014 Кејптаун ЈАР  Кина 201  САД 193  Тајван 192 67.
2015 Чианг Маи Тајланд  САД 185  Кина 181  Јужна Кореја 156 74.
2016 Хонгконг Кина  САД 214  Јужна Кореја 207  Кина 204 73.
2017 Рио де Жанеиро Бразил  Јужна Кореја 170  Кина 159  Виетнам 155 65.
2018 Клуж-Напока Романија  САД 212  Русија 201  Кина 199 82.
2019 Бат Обединето Кралство  Кина
 САД
227  Јужна Кореја 226 75.
2020 Санкт Петербург Русија  Кина 215  Русија 185  САД 183 72.
2021 Санкт Петербург Русија  Кина 208  Русија 183  Јужна Кореја 172 45.
2022 Осло Норвешка  Кина 252  Јужна Кореја 208  САД 207 39.
2023 Чиба Јапонија  Кина 240  САД 222  Јужна Кореја 215 41.
2024 Бат Обединето Кралство  САД    Кина    Јужна Кореја   46.
2025 Саншајн Коуст Австралија                
2026 Шангај Кина                
2027 - Унгарија                
2028 - Саудиска Арабија                

Забелешки

[уреди | уреди извор]

Посебен случај

[уреди | уреди извор]

Македонија на математичката олимпијада

[уреди | уреди извор]

Од 1993 година Македонија редовно учествува на математичките олимпијади. Најдобар пласман остварила во 1995 година кога го освоила 31. место, а најлош во 2018 со освојување на 82. место.[8]

Во поединечна конкуренција:[9]

  • Дамјан Давков во своите 5 учества од 2020 до 2024 година, освоил 2 златни (2023, 2024) и 2 сребрени медали (2021, 2022) како и 1 почесно признание (2020), со што се наоѓа на 56. место од сите натпреварувачи од почетокот до 2024 година.
  • Бодан Арсовски во своите 5 учества од 2006 до 2010 година освоил 2 сребрени (2009, 2010) и 2 бронзени медали (2007, 2008) како и 1 почесно признание (2006).
  • Никола Спировски во своите 3 учества од 2021 до 2023 година освоил 1 сребрен (2022) и 2 бронзени медали (2021, 2023).
  • Илија Јовчевски во своите 4 учества од 2000 до 2003 година освоил 1 сребрен (2002) и 2 бронзени медали (2000, 2003).
  • Алексиј Тасиќ во своите 3 учества од 2022 до 2024 година освоил 1 сребрен (2023) и 1 бронзен медал (2024) како и 1 почесно признание (2022).
  • Наско Караманов во своите 3 учества од 1993 до 1995 година освоил 1 сребрен (1995) и 1 бронзен медал (1993) како и 1 почесно признание (1994).
  • Светлана Познановиќ во своите 2 учества (1998, 2000) освоила 1 сребрен (2000) медал.
  1. (англиски) Nura D. Turner, « A Historical Sketch of Olympiads: U.S.A. and International », The College Mathematics Journal, Vol. 16, No. 5 (Nov., 1985), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article330-335.
  2. « The IMO 2020 organizing Committee informs about the approved postponement of the IMO 2020 event to September 16-26, 2020 due to the covid-19 pandemic. »
  3. « Virtual IMO2020 in St. Petersburg », imof.co, 11 juillet 2020.
  4. Geoff Smith, président du IMO Board, écrit : « There is also a difficulty with IMO2021. This was scheduled to be held in July 2021 in Washington DC. The funding model for this event was so disrupted by the pandemic that it soon became clear that it would be impossible to hold the event, and the USA was forced to withdraw its offer to host IMO2021. »
  5. „Olympiade Internationale de Mathématiques“. Посетено на 2022-08-07.
  6. International Mathematical Olympiad 2010. UK leader's report. Astana, Kazakhstan, compte-rendu de Geoff Smith, chef de la délégation britannique.
  7. „Olympiade Internationale de Mathématiques“. Посетено на 2022-08-07.
  8. „International Mathematical Olympiad - Results“. IMO. Посетено на 27 јули 2024.
  9. „International Mathematical Olympiad - Hall of fame“. IMO. Посетено на 27 јули 2024.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Mohammed Aassila, Olympiades internationales de mathématiques, Paris, Ellipses, 2003 ISBN 2-7298-1526-0.
  • Paul Bourgade, Annales des Olympiades internationales de mathématiques, 1976-2005, Paris, Cassini, 2005 ISBN 2-84225-087-7.
  • Samuel L. Greitzer, International Mathematical Olympiads 1959-1977, The Mathematical Association of America, New Mathematical Library, no 27, 1978 ISBN 0-88385-600-X
  • Pierre Bornsztein; Thomas Budzinski; Vincent Jugé (2021). Olympiades internationales de mathématiques 2006-2021. Enseignement des mathématiques. Paris: Cassini. стр. 368. ISBN 978-2-84225-262-5..

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  翻译: