Прејди на содржината

Превоз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Превоз со разни средства

Превоз, сообраќај или транспорт — движење на луѓе, добра, сигнали и информации од едно место до друго. Поимот е изведен од латинските зборови trans („преку“) и portare („носи“).

Гледишта на превозот

[уреди | уреди извор]

Полето на превоз има повеќе гледишта, кои можат да бидат поделени на три главни: инфраструктура, возила и операции. Инфраструктурата ги содржи превозните мрежи (патишта, железнички пруги, авионски линии, канали...) кои се користат, како и темињата или терминалите (како што се аеродромите, железничките станици, автобуските станици и пристаништата). Возилата главно се „возат“ на превозните мрежи. Нив главно ги сочинуваат автомобилите, возовите и авионите. Операцискиот аспект, главно се грижи за контролата на системот. Негови составни делови можат да бидат: сообраќајните сигнали, контролата на летање, како и полицијата и начинот како се финансира системот (на пример, употребата на наплатни рампи или таксата која се плаќа за горивата).

Пошироко говорејќи, дизајнот на мрежите е во домен на цивилното инжинерство или урбаното планирање, дизајнот на возилата во механичкото инжинерство и негови специјализирани подполиња (како наутичкото и воздухопловното инжинерство). Операциите се најчесто специјализирани и можат да припаѓаат на операциските истражувања или инжинерството на системи.

Начини на превоз

[уреди | уреди извор]

Начините на превоз се сочинето од комбинација на мрежи, возила и операции, и го содржат, пешачењето, превозот по патишта, железничкиот превоз, морепловниот превоз и современото воздухопловство.

Категории на превоз

[уреди | уреди извор]

Превоз и комуникации

[уреди | уреди извор]

Превозот и комуникациите некогаш се употребуваат со исто, а негогаш со спротивно значење. Така можно е доволно напредни комуникации да то заменат превозот, како на пример користње на телефон, наместо посета на некое лице. Овие начини на комуникација, всушност генерираат повеќе начинини на интеракција, откулку интеракциите „лице во лице“. Растењето на превозот би било невозможно без комуникациите, кои се витални за напредните превозни системи, од железници до авио-превозот. Генерално зголемувањето на комуникациите води до зголемување на превозот и обратно.

Превозот во Македонија

[уреди | уреди извор]

Водниот превоз во XIX век

[уреди | уреди извор]

Во средината на XIX век, реката Вардар била пловна и по неа со сплавови се пренесувале жито, волна, дрва, сирење, мед итн. Еден сплав носел околу шест тони товар, а сплавовите од Велес до Солун пловеле за неколку часа. Во својот патопис од 1858 година, германскиот правник Јохан Хан запишал дека по Вардар се пловело и со чунови и со кајаци. Притоа, тој кажува дека првите обиди за превоз на жито од Скопје до Солун по воден пат биле направени неколку години пред тоа. Исто така, други извори потврдуваат дека житото се пренесувало од Скопје до Велес со чунови, а оттука стоката се носела во Солун со кајаци. Еден вардарски чун пренесувал околу 240 шиници жито. Изработката на вакви чунови во Велес чинела околу 600 пијастри, а во Солун чуновите морале да бидат продадени по цена од околу 10 % од почетната, зашто Вардар бил премногу тежок за патување спротиводно. Чуновите се изработувале од дрво кое пристигало од Тетово, Битола и Прилеп, а најмногу ценето било дрвото од Прилеп. Инаку, најчесто чуновите патувале ноќе при што секој чун го управувале по двајца искусни кормилари. Најголеми тешкотии во пловидбата чуновите имале кај Таорската Клисура, Железната Порта кај Демир Капија и кај Циганските Теснини, а за време на превозот на жито од Велес до Солун загубата изнесувала околу 2% од товарот.[1]

Караванскиот превоз

[уреди | уреди извор]

Во 19 век, до изградбата на железницата, превозот во Македонија се вршел со коњи, магариња и камили. Притоа, богатите трговци изнајмувале каравани кои имале и по 50 коњи. Сите кираџии во караванот биле вооружени, а во еден караван имало и по 80 вооружени луѓе. На пример, само во март 1837 година, преку царинарницата во Алексинац поминале 2.200 товари, т.е. околу 70 товари дневно. Во јуни 1853 година, еден од караваните што поминале низ оваа царинарница бил составен од 660 камили натоварени со тутун од Ениџе-Вардар за Белград. Во 1830 година, за превоз од Скопје до Белград се наплаќала цена од 51 грош за еден коњски товар; ист таков товар од Белград до Битола чинел 50 гроша. Неколку години подоцна, еден товар од Солун до Алексинац чинел 250 гроша, а од Битола до Алексинац 120 гроша. Во тој период, од Солун со Битола се патувало 35 часа, од Битола до Скопје 28 часа, до Костур 16 часа, до Скадар 89 часа итн. Караваните што поаѓале од Солун, до Истанбул патувале за 108 часа, до Скопје за 48 часа, до Сараево за 100 часа, до Белград за 130 часа, а до Скадар за 124 часа. Во тоа време поштата се носела со коњски запреги при што писмата од Скопје до Пловдив патувале три дена, а поштата од Битола до Белград патувала за 10 дена во лето и за 13 дена во зима.[1]

Железничката мрежа во Македонија

[уреди | уреди извор]

Почетоците на железницата во Македонија датираат се наоѓаат во втората половина на XIX век. Во 1869 година, на бриселскиот банкар, баронот Хирш, му била доделена концесија за изградба на железничката пруга СолунСкопјеМитровица. Притоа, трасата на пругата која минувала низ Македонија (во должина од 243 километри) чинела 27 милиони франци. По должината на пругата биле изградени околу 600 пропусти за потоците и реките и шест моста над Вардар со вкупна должина од повеќе од илјада метри, а кај Демиркаписката Клисура на пругата работеле 1 500 работници. Изградбата на пругата официјално почнала на 9 февруари 1871 година и траела три години, а била пуштена во употреба во август 1873 година. Подоцна била изградена железниќката пруга од Солун до Битола во должина од 218,5 километри. Изградбата на оваа пруга, исто така, се одвивала тешко: на пример, на делницата Вертекоп - Воден, долга 18 километри, биле направени дури 11 тунели со вкупна должина од 3 500 метри, како и два вијадукта, долги 60 и 70 метри и високи 20 и 30 метри. Изградбата на пругата Солун - Битола започнала во мај 1891 година, а завршила на 14 јуни 1894 година при што биле ангажирани 2 773 работници, меѓу кои и странци. За време на Првата светска војна била изградена 600-милиметарска пруга при што првата траса се протегала од Градско до Прилеп, а тешките делови, како Степанци - Прилеп, биле премостени со жичница. Во 1917 година била пуштена пругата Скопје — Охрид, која продолжувала до Елбасан, а нејзината изградба траела помалку од една година. Оваа 600-милиметарска пруга била во употреба до 15 мај 1966 година, кога била укината. Во 1923 година, со железничка пруга биле поврзани Велес и Битола, а на 1 ноември истата година била пуштен во употреба пругата Велес - Штип. Во периодот од 1945 до 1990 година, во Македонија биле изградени нови железнички линии во должина од над 200 километри, а старите пруги биле модернизирани и нивната широчина била зголемена на 1,43 метри. [2]

Сообраќајот во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Блаже Миневски, „Сплавови со шест тони стока од Велес до Солун стигнувале за неколку часа“, Публика, неделен политички прилог, број 309, сабота, 26 ноември 2016, стр. 4-5.
  2. Дејан Азески, Летаргичноста кон изградбата на инфраструктурата влече повеќевековни корени во Македонија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 102-105.
  3. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 339.
  4. Traffic (пристапено на 28.11.2023)
  5. The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023)
  翻译: