Прејди на содржината

Тајпеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тајпеј

Тајпеј (на кинески : 臺北市 / 台北市, T'ai-pei) — де факто главен град на Тајван (односно Република Кина)
Според податоците од јануари 2007 во градот живееле 2.622.090 жители, а во широкото градско подрачје 10.072.918.

Географија

[уреди | уреди извор]

Тајпеј се наоѓа во североисточниот дел на Тајван, 30 километри од брегот на Тихиот Океан. На југот на градот е реката Шиндјен, а на западот Даншуи. Над градот е вулканската планина Ѓишинг, висока 1120 метри.
Средногодишна температура изнесува 23,6 °C, со летен просек од 29.4 °C и зимски - 14,9 °C.
Популарно име му е "градот на азелеи".

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на денешен Тајпеј во минатото бил населен од племето Кетагален. Кинезите (народот Хани) почнале да се доселуваат 1709. година. Како последица на првата сино-јапанска војна целиот Тајван, вклучувајќи го и Тајпеј, стана јапанска територија во 1895. година.
Тајпеј е прогласен за привремена претстолнина на Република Кина на 7 декември 1949. бидејќи раководството на партијата Куоминтанг побегнало од континенталниот дел на островот Тајван. Територијата на градот, во 1990. била поделена на денешни 12 дистрикти.

  翻译: