Хипертензивна криза е висок крвен притисок со потенцијално живото-загрозувачки знаци и симптоми кои укажуваат на акутно оштетување на еден или повеќе органи (мозок, очи, срце, аорта или бубрези).[1] Хипертензивна ургентност се дефинира како зголемен систолен крвен притисок над 180 mmHg или дијастолен крвен притисок над 110 mmHg. Хипертензивната криза се дефинира како зголемен крвен притисок консеквентна на хипертензивна ургентност, плус доказ за претстојно иреверзибилно оштетување на орган.