Шибуја
Шибуја 渋谷区 | |||
---|---|---|---|
Посебен округ | |||
Град Шибуја | |||
| |||
Местоположба на Шибуја во Токио. | |||
Држава | Јапонија | ||
Регион | Канто | ||
Префектура | Токио | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Кен Хасебе (од април 2015) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 15,11 км2 (583 ми2) | ||
Население (1 мај 2016) | |||
• Вкупно | 221.801 | ||
• Густина | 14.679,09/км2 (3,801,870/ми2) | ||
Час. појас | Јапонско стандардно време (UTC+9) | ||
Симболи | |||
• Дрво | Јапонски брест | ||
• Цвеќе | Мечовидна перуника | ||
Адреса на управа | Шибуја 1-18-21, Шибуја-ку, Токио 150-8010 | ||
Мреж. место | city.shibuya.tokyo.jp |
Шибуја (渋 谷区; Шибуја-ку) ― посебен округ во Токио, Јапонија. Како големо трговско и финансиско средиште, во него се сместени две од најпрометните железнички станици во светот, станицата Шинџуку (јужна половина) и станицата Шибуја .
Од 1 мај 2016 година, има проценето население од 221.801 жител и густина на население од 14.679,09 луѓе на км2. Вкупната површина е 15,11 км2.
Името „Шибуја“ се користи и за именување на трговскиот кварт кој ја опкружува станицата Шибуја. Оваа област е позната како еден од модните центри во Јапонија, особено за младите, и како главна област за ноќен живот.
Историја
[уреди | уреди извор]Период од Хејан до Едо
[уреди | уреди извор]Шибуја историски било место на замок во кој престојувало семејството Шибуја од 11 век до периодот Едо. По отворањето на железничката линија Јаманоте во 1885 година, Шибуја започнала да произлегува како железнички терминал за југозападно Токио и на крајот како голем трговско и забавно средиште.
Период од Меиџи до Шоуа
[уреди | уреди извор]Селото Шибуја било основано во 1889 година со спојување на селата Ками-Шибуја, Нака-Шибуја и Шимо-Шибуја во округот Минами-Тошима (округ Тојотама од 1896 година). Селото ја опфаќало територијата на денешната површина на ЖС „Шибуја“, како и површините на населбите Хиро, Даикањама, Аојама и Ебису. Шибуја станал паланка (гратче) во 1909 година. Шибуја била споена со соседните паланки Сендагаја (кои ги вклучувале современото површини на населбите Сендагаја, Хараџуку и Џингумае) и Јојохата (кои ги вклучувале современите површини на населбите Јојоги и Хатагава) за да го створат приградскиот округ Шибуја-ку откако бил припоен во поранешната Општина Токио во 1932 година . Шибуја станала градски посебен округ според Законот за локална автономија во 1947 година.
Железничката линија Токју Тојоко била отворема во 1932 година, со што Шибуја станал клучен терминал помеѓу Токио и Јокохама, а била споена со претходницата на линијата Кеио Инокашира во 1933 година и претходницата на линијата Гинза - Токио Метро во 1938 година. Една од најпознатите приказни за Шибуја е приказната за Хачико, куче кое го чекало својот покоен господар на станицата Шибуја секој ден од 1923 до 1935 година, за на крајот да стане национална позната личност заради неговата верност. Статуа на Хачико била изградена во непосредна близина на станицата, а околниот плоштад Хачико сега е најпознатата точка на средби во околината.
Повоена Шова
[уреди | уреди извор]За време на окупацијата на Јапонија, паркот Јојоги бил користен како место за домување за персонал на Соединетите Држави, познат како „Вашингтон висови“ (Washington Heights). Војската на САД заминала во 1964 година, а голем дел од паркот бил пренаменет како места за одржување на Летните олимписки игри во 1964 година. Самиот округ служел како дел од атлетската патека на 50 км пешачење и маратонски курс за време на игрите во 1964 година.[1]
Шибуја постигнала голема популарност кај младите уште од раните 1980-ти. Постојат неколку познати модни стоковни куќи во Шибуја. Шибуја 109 е голем трговски центар во близина на железничката станица Шибуја, особено познат по потеклото на поткултурата когал. Наречен „Ичи-Мару-кју“, што на јапонски јазик се преведува како 1–0–9, името е всушност игра на зборови на корпорацијата што ја поседува - Tōkyū (што на јапонски звучи како 10–9; ова е броева замена, облик на игра со зборови гороавасе). Современата модна сцена во Шибуја се протега кон север од станицата Шибуја до Хараџуку, каде што владее младешката култура; Омотесандо, улицата со дрвото брест и модни марки; и Сендагаја, токиската населба за дизајн на облека.
Период Хејсеи
[уреди | уреди извор]Во текот на доцните 1990-ти, Шибуја станала позната и како средиште на ИТ индустријата во Јапонија. Честопати била нарекувана „Долина на битот“ (Bit Valley на англиски јазик), игра на зборови и на „Горчлива долина“ (Bitter Valley), буквален превод на „Шибуја“, како и на бит, сметачкиот поим за двоични цифри.
Шибујски поток, комплекс со облакодери и малопродажба, бил завршен во 2018 година.
Период на Реива
[уреди | уреди извор]Источното крило на облакодерот Плоштад „Шибујски пешачки премин“ било завршено во август 2019 година
Напад во возило за Нова Година 2019 година
[уреди | уреди извор]За време на раните утрински часови на 1 јануари 2019 година, 21-годишник по име Казухиро Кусакабе возел со својот мини автомобил во толпа пешаци кои го славеле Новогодишниот ден на улицата Такешита. Човекот тврдел дека неговите постапки биле терористички напад, а подоцна изјавил дека неговата намера е да се одмазди за употребата на смртна казна за членовите на култот на Судниот ден - Аум Шинрикјо. Човекот се обидел да побегне, но набрзо властите го привеле во блискиот парк.[2][3]
Географија
[уреди | уреди извор]Шибуја вклучува многу познати трговски и станбени населби како Дајкањама, Ебису, Хараџуку, Хиро, Хигаши, Омотесандо, Сендагаја и Јојоги.
Населби
[уреди | уреди извор]- Област Хатагаја:
- Сасазука, Хатагаја, Хонмачи
- Област Јојоги:
- Уехара, Ојамачо, Нишихара, Хаџудај, Мотојојогичо, Томигаја, Јојогикамизоночо
- Област Сендагаја:
- Сендагаја, Џингумае
- Област Ебису-Омукај:
- Камијамачо, Џинан, Удагавачо, Шото, Шинсенчо, Марујамачо, Догензака, Нанпејдајчо, Сакурагаокачо, Хачијамачо, Угујсуданчо, Саругакучо, Дајкан'јамачо, Ебисуниши, Ебисуминами
- Област Хикава-Шимбаши:
- Шибуја, Хигаши, Ебису, Хиро
Разгледувачки и историски места
[уреди | уреди извор]Шибуја е познат по својот дијагонален пешачки премин, наречен Шибујски пешачки премин.[4] Сместен е пред излезот Хачику на железничката станица Шибуја и запира возила во сите правци за да им овозможи на пешаците да ја преплават целата раскрсница. Шибујскиот пешачки премин е „најпрометниот пешачки премин на светот“, со нагоре 3.000 луѓе истовремено.[5][6][7] Статуата на Хачико, куче, помеѓу станицата и раскрсницата, е општо место за средби и скоро секогаш е преполно.
На југозападната страна на станицата Шибуја, има уште едно популарно место за средби со статуа наречена „Мојаи“. Статуата личи на статуа Моаи , а жителите на островот Нииџима му ја дале на Шибуја во 1980 година.
Зелени површини
[уреди | уреди извор]- Храмот Меиџи, шинтовско светилиште посветено на душите на императорот Меиџи и царицата Шокен, опкружено со шума од 700 000 квадратни метри.
- Шинџуку Гјо-ен (Сендагаја), поранешни императорски градини, сега се отворени за јавноста како парк.
- Паркот Јојоги, некогаш место за вежбање за Императорската јапонска војска, подоцна зона за домување на „Вашингтонските Височини“ за окупацијата на Јапонија, потоа конаци за учесници на Олимписките игри во Токио.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1964 Summer Olympics official report. Архивирано на 12 февруари 2012 г. Volume 2. Part 1. p. 74.
- ↑ „8 injured as man rams car into pedestrians in Harajuku in 'retaliation for execution'“. Japan Today. 1 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2019. Посетено на 19 јули 2021.
- ↑ „Tokyo car attack: Driver hits New Year's revelers in city's Harajuku district“. CNN. 1 јануари 2019. Посетено на 19 јули 2021.
- ↑ Murray Buechner, Maryanne. „Tokyo: 10 Things To Do“. Time: Travel. Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 2021-07-19.
- ↑ 井上恵一朗 (2016-04-22). „【東京はてな】 渋谷交差点、1回で3千人横断?“. 朝日新聞. стр. 29.
- ↑ „渋谷スクランブル交差点――世界で最もワイルドな交差点にようこそ“. CNN.co.jp. 25 август 2019. Архивирано од изворникот на 23 септември 2020. Посетено на 19 јули 2021.
- ↑ „The World's Busiest Pedestrian Crossing“. WorldAtlas (англиски). Архивирано од изворникот на 12 август 2020. Посетено на 19 јули 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службена мрежна страница на Градот Шибуја (јапонски)