„Здравјето и благосостојбата не се само еднократна програма, туку тоа треба да е начин на размислување во една современа компанија.“💡 Ова беше пораката што нашиот лидер на одделот за човечки ресурси, Stavros Georgakopoulos, ја сподели на панел-дискусијата во рамки на настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, кој се одржа во Скопје, во организација на М6 Едукативен Центар. Тој ги сподели искуствата од програмата на Makedonski Telekom AD за здравје и благосостојба на вработените #НаправиМесто за себе, која поставува нови стандарди за грижа за вработените💬 Горди сме што ја споделивме нашата визија на овој настан и што продолжуваме да ја поттикнуваме благосостојбата како дел од нашата корпоративна култура! 💪 #telekom_mk #НаправиМесто