Makedonski Telekom AD’s Post

Мрежата на Телеком сега има своја мелодија: „Мелодијата на Европа“ - аудиовизуелна уметничка анимација во која мобилните мрежи од десет европски земји со помош на вештачка интелигенција, се трансформираат во музика. Собрани се над 109 билиони активности на мрежата како пораки и повици од десет европски главни градови, меѓу кои и Скопје и со помош на вештачка интелигенција создадена е мелодија која го рефлектира пулсот на градовите и поврзувањето низ Европа. Мелодијата ја симболизира и моќта на нашата мрежа којашто постојано ја надградуваме за да ги поврземе луѓето со сѐ што е важно во нивниот живот. До 2027 Дојче Телеком планира да поврзе 95% од луѓето во Европа со 5G и 13,5 милиони домови со оптика. Горди сме што со најдобрата мрежа во Македонија придонесуваме кон оваа цел: со најголемата оптичка мрежа покриваме 339 илјади пристапи до оптика а со 5G над 93% од населението. Со #MelodyofEurope ja покажуваме нашата посветеност на поврзување и единство. Прочитајте повеќе: https://lnkd.in/eWgr-zwn

To view or add a comment, sign in

Explore topics