БИЛЈАНА З. БИЛЈАНОВСКА
Еден агол од мојата лична библиотека

БИЛЈАНА З. БИЛЈАНОВСКА

НА КОЈ НАЧИН НА МАЛДИТЕ ДА ИМ ЈА ПОВРТИМЕ НАШАТА НЕКОГАШНА ЉУБОВ КОН ПИШУВАНАТА ЛИТЕРАТУРА

 

                 Во контекст на претходниот краток прилог за актуелната ситуација со фондот на сета издавана печатена литература во претходните неколку клучни години, ми се заврте едно значајно прашање што сметам дека е повторно наместо. Се сеќавам секогаш на времето не само на моето школување, студии, па и активен работен век. Бевме вистински вљубеници на читањето, како гладни исчекувавме да изелзат нови дела, што поскоро да имаме можности да ги купиме, да ги збогатуваме нашите приватни библиотеки со нови и интересни книги. Читањето стануваше составен дел на нашиот личен идентитет и карактер, па секое дружење наликуваше на размена на искуства од прочитаното, од она поучното што останало во нас како составен дел во формирањето и на нашиот карактер.

                 Знам дека грешката не е само во младите, во генерациите на кои ќе треба да се потпираме во овие години на клучни пресврти што го водат светот напред. Поторошувачките општества што својот излез логично го гледаа во што поглемото производство на маетрјални добра со што би се зголемиувале можностите и за нивна размена, со тоа и на нивното лично богатење, целосно ги измести сите вредносни мнерки. Не само поединечни, туку и на цели поголеми и помали заедници. Статусот на секој поединчено се мереше кој што полуксузно ќе се облече со производи од ударните стветски брендови, кој ќе има поскап  телефон, уште поскапа кола, кој ќе го исполни стандардот што Европските земји, но и земјите во целиот свет, во голема мерка веќе го уживаа во секоја смисла на зборот. Читањето како значајна ментална дисциплина, како срество за проширување на личните и заедничките визии за едно современо опоштество во кое живеат и делуваат граѓани кои не се празни шупелки што ехолалично ги повторуваат историите на своите соседи, или трагедиите на своите блиски, туку благодареќи на сопствените знаења дури и како ќе умеат да донесуваат независни заклучоци.  Развиената техника и технологија, особено нудејќи ги сите аудиовизуелни можности за следење на живи настани, на енормна филмска продукција од сите категории на филмови, на една голема група на граѓани како да им се виде еден убав излез од зачмајувањето што логично ќе следуваше кога ќе се постигнеше определениот  ниво „на матерјална благосостојба„. И што се случи? Токму ова што го сведочиме денес и овде кај нас, па верувам и секаде во светот. Мрзоволието на духот почнуваше да ги контаминира сите млади опседнати со желбите да биле во „тренд„, сите по „последна мода облечени, нашминкани„ затоа што тоа станаа вистинските вредносни категории за нечија современост и што е најзначајно, за успех.

                 Кога пак бројни „студенти„ од разни профили откриваа дека можат да си ги купуваат сите писмени семинарски работи, дипломски и сл. дека постои некој што ќе може барем во тој дел да им ги олесни студиите, уште повеќе се навлезе во сферите на едно „ментално паразитирање„. Се создаде една категорија на млади „квази интелектуалци„ кои се фалеа дека имале дипломи, но кои со ништо не можеа да ги потврдат вредностите што тие дипломи треба да ги содржат.

                 Оваа повеќе од тажна слика за една голема група млади, стануваше сè повеќе реална во колетивните кадровски решенија за пополнување на работните места во определени иснтитуции. И малку помалку стана составен дел од нашиот секојодневен начин на живот и организација, што со сила на владеачите навлегуваше во порите на целото општество.

                 Решенијата нема да ги најдеме надвор од нашава реалност, туку, само доколку овде кај нас повторно се ангажираме на младите да поченме да им ја враќаме љубовта кон читањето како еден многу значаен дел за севкупното созревање на секој поединечно.

                 Она што мене и мојата генерација го имаше однегувано како нешто посебно, се состоеше во она прекрасно чувство што обично се раѓаше со купувањето или добивањето на подарок на една нова книга. Мирисот на печатената книга, шушкањето на страниците додека се вртат што поскоро да стигнете до крајот, да ја видите разврската, соживувањето со ликовите, начинот на кој се доживува целото четиво кое го голтате како убави капки од некој лековит напиток. Читањето на книги преку таблетите, компјутерите, телефоните никогаш не ќе можат да ги создадат тие веќе скоро загубени чувства. Оние вложувани емоции со кои повторно во себе ги откривате изворно љубовта, емпатијата, солидарноста и цела низа на скоро загубени чувства што новата техника бавно, но толку упорно ги уништуваше. 

                 Процесот на повторното враќање кон нешто што нам нѝ било многу значајно, значи кон купувањето и читањето на книги, денес скоро како да станува еден вид музејска вредност. Ликови што ќе ги сретнеме само во определени филмови подготвени да нè прикажат изворно и вистински какви сме биле, но на кој начин денес и во овој век стануваме еден вид анахорнизми. Нешто што живее вон времето и вон можностите што веќе на големо ги нуди целиот светски пазар.

                 Иако и самата веќе се прашувам – дали воопшто вреди да се залагам да печатам некоја од моите книги што е сон на секој еден што животот го посветил на пишувањето, или пак да овозможам нивно читање преку сите овие современи иснтрументи на кои во поелсдниве децении  работам  и јас самата. Тоа е и вистинската причина зошто понекогаш објавувам и на оваа платфрома, секогаш со цел на моите пријатели и другари, па и соработници, да им потврдам дека не сум од категоријата на сеирџии што седат понастрана и блејат во празно, туку дека дури и како продолжувам да го негувам мојот најпосакуван начин на живот посветен на пишувањето и на други племенити, некогаш вестиснки вреднувани дисциплини.

 

(продолжува)

 

bibi.biljanovska@all  rights reserved

To view or add a comment, sign in

Explore topics