Прејди на содржината

Грејс Хопер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грејс Мари Хопер
9 декември 1906 - 1 јануари 1992
Commodore_Grace_M._Hopper,_USN_(covered).jpg
Поморски офицер Грејс М. Хопер, 1984
Прекар:"Amazing Grace"
Роден во:Њујорк, САД
Починал во:Арлингтон, Вирџинија, САД
Служба во: САД
Род:Американската морнарица
Период на служба:1943–1966, 1967–1971, 1972–1986
Чин: Поморски офицер
Одличја: Defense Distinguished Service Medal

Legion of Merit
Meritorious Service Medal
American Campaign Medal
World War II Victory Medal
National Defense Service Medal
Armed Forces Reserve Medal со две Hourglass Devices
Naval Reserve Medal

Presidential Medal of Freedom (посмртно)
Грејс Хопер и компјутерот UNIVAC во текот на 1960-те

Грејс Брустер Мари Хопер (9 декември 1906 – 1 јануари 1992 година) била американски компјутерски научник и адмирал во морнарицата на САД.[1] Една од првите програмери на Харвард Марк I компјутерот, таа беше еден од пионерите на компјутерското програмирање и таа го измисли еден од првите алатки поврзани со компајлерот. Таа ја популаризирала идејата за машинско-независните програмски јазици, што доведе до развојот на COBOL, ран програмски јазик од високо ниво уште во употреба денес.

Хопер се обиде да се пријави во морнарица во текот на втората светска војна, но таа беше одбиена бидејќи беше 34 години и се сметаше за премногу стара за да се пријави. Наместо тоа таа се приклучи на воените резерви. Хопер ја започна својата компјутерска кариера работејќи на Харвард Марк I тимот кој беше предводен од Хауард Х. Ајкен. Во 1949 година, таа се приклучи на Екерт–Мокли компјутерската корпорација и беше дел од тимот за развој кој го дизајнираше UNIVAC I компјутерот во 1944 година. При нејзината работа во Екерт–Мокли таа почна да го развива компајлерот. Таа верувала дека компјутерскиот код може да биде напишан на англиски јазик со користење на програмски јазик кој се заснова на англиски зборови. Компајлерот требаше да го претвори тој код во машински код кој ќе биде сфатен од страна на компјутерите. До 1952 година Хопер го заврши нејзиниот програмски линкер (првично наречен компајлер), кој беше напишан за А-0 системот.[2][3][4][5]

Во 1954 година, Екерт–Мокли ја избрале Хопер да го води нивниот оддел за автоматско програмирање и таа него го водеше при создавањето на некои од првите компилирани јазици како FLOW-MATIC. Во 1959 година таа учествуваше во CODASYL конзорциумот, кој ја консултирал Хопер за да ги води при создавањето на еден машинско-независен програмски јазик. Ова доведе до COBOL јазикот, кој бил инспириран од нејзината идеја за јазик заснован на англиски зборови. Во 1966 година таа се повлече од резервите, но во 1967 година морнарицата побара таа повторно да се врати на активна должност. Таа се повлече од морнарицата во 1986 година и добила работа како консултант за Digital Equipment Corporation, споделувајќи ги нејзините искуства со компјутерите.

Благодарение на нејзините достигнувања и нејзиниот поморски чин таа го доби прекарот "Amazing Grace".[6][7] Американскиот разурнувач USS Hopper беше именуван според неа, како што беше и Cray XE6 "Хопер" суперкомпјутерот на NERSC.[8] Во текот на својот живот Хопер се здоби со 40 почесни дипломи од универзитети од целиот свет. Еден колеџ во Јеил универзитетот е именуван во нејзина чест. Во 1991 година таа го доби Националнот медал за технологија. На 22 ноември 2016 година таа беше посмртно наградена со Претседателскиот медал на слободата од страна на претседателот Барак Обама.[9]

Некролошки известувања

[уреди | уреди извор]
  1. Cantrell, Mark (March 2014). „Amazing Grace: Rear Adm. Grace Hopper, USN, was a pioneer in computer science“. Military Officer. 12 (3). Military Officers Association of America. стр. 52–55, 106. Посетено на March 1, 2014.
  2. Donald D. Spencer (1985). Computers and Information Processing. C.E. Merrill Publishing Co. ISBN 978-0-675-20290-9.
  3. Phillip A. Laplante (2001). Dictionary of computer science, engineering, and technology. CRC Press. ISBN 978-0-8493-2691-2.
  4. Bryan H. Bunch, Alexander Hellemans (1993). The Timetables of Technology: A Chronology of the Most Important People and Events in the History of Technology. Simon & Schuster. ISBN 978-0-671-76918-5.
  5. Bernhelm Booss-Bavnbek, Jens Høyrup (2003). Mathematics and War. Birkhäuser Verlag. ISBN 978-3-7643-1634-1.
  6. „Cyber Heroes of the past: "Amazing Grace" Hopper“. Посетено на December 12, 2012.
  7. „Grace Murray Hopper“. Посетено на December 12, 2012.
  8. „Hopper“. Архивирано од изворникот на 2016-03-14. Посетено на 2016-03-19.
  9. „White House honors two of tech's female pioneers“. cbsnews.com. Посетено на November 23, 2016.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  翻译: