🎉 На завршната презентација за постигнатите успеси на Фармахем во 2024 година којашто се одржа на крајот на минатата година, за лојалноста, посветеноста и придонесот во развојот на компанијата беа наградени колегите коишто во 2024 година одбележаа јубилеи како дел од тимовите во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем. ✨ 🏆 Наградени беа следните колеги/-шки: - Марјана Шушлевска, менаџер на Секторот еколошки консалтинг за 20 години во Фармахем; - Драган Јанковиќ, сервисер на индустриски инструменти за 20 години во Фармахем Сервис; - Милена Стефановска, одговорна за квалитет во Лабораторијата за животна средина за 10 години во Фармахем; - Елена Христовска, биохемичар за 10 години во ПЗУ Дијагностика Фармахем. Горди сме што во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем 50 % од колегите се над 10 години дел од тимот, 22 % колеги се над 20 години дел од тимот, а има и колеги коишто се дел од нашиот тим од првиот ден на формирање на Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем и сите тие растат заедно со компанијата. 💪 Беше изразена голема благодарност и признание до сите наградени колеги за професионализмот, колегијалноста и довербата со желба заедно гордо да чекориме кон нови успеси во следните години. 👏🍀 #FarmahemDreamTeam #Лојалност #Успех #ТимскаРабота #ГордиПостигнувања #НовиПредизвици
-
+1