Антиоксиданс
Изглед
Антиоксиданс (понекогаш антиоксидант[1]) — соединение кое има потенцијал да го неутрализира слободните радикали.
Видови антиоксиданси
[уреди | уреди извор]Најделотворни антиоксиданси се: витамините А, Ц и Е, бета-каротинот, коензимот Q-10, селенот и манганот. Антиоксидансите се наоѓаат во овошјето и во зеленчукот, така што човекот ги прима преку исхраната. Антиоксидансите најмногу ги има во: црното грозје, боровинките, капинките, малинките, агрумите, доматите итн. Во поново време, во аптеките се продаваат вештачки додатоци кон исхраната кои имаат силно антиоксидативно дејство. Најчесто се работи за додатоци кои содржат органски соединенија на германиум, ресвератрол, астаксантин и слично.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „антиоксидант“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Душан Гољиќ, „Антиоксиданси - Чувари на нашето здравје Архивирано на 17 ноември 2022 г.“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 6.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|